среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин заслужува достоинствена работа и почитување на законите и на работничките права кои произлегуваат од нив

Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин заслужува достоинствена работа и почитување на законите и на работничките права кои произлегуваат од нив

Секој граѓанин заслужува достоинствена работа и почитување на законите и на работничките права кои произлегуваат од нив.
Во услови кога во светски рамки се водедува четиридневната работна недела и се повеќе се става акцент на правата на работниците, на вработени во текстилните фабрики во Македонија им се ограничува правото за извршување на физиолошките потреби. Во услови кога СДСМ популистички нуди покачување на минималната плата, сведоштвата на вработените во текстилните фабрики велат дека се соочуваат со терор на работното место: враќање на дел од платата назад на работодавачите, неплатени дополнителни работни часови, работа за време на празници, не можност за земање слободен ден – затоа што веднаш следува отказ, забрана за синдикално организирање и т.н.. Бидејќи оваа работа им е единствениот начин за егзистенција голем дел од нив се плашат гласно и отворено да зборуваат за она што се случува во производствените погони.
Но, сепак и покрај старавот од губење на работното место, оваа година во Хелсиншкиот комитет за човекови права стигнати се 1500 преставки, а одлучено е само по една од нив. Во моментот вработените во текстилните фабрики не чувствуваат доверба во надлежните институции кои треба да ги заштитат и да им ги гарантираат правата, па затоа не ги пријавуваат случаите на злоупотреба во Државниот инспекторат на труд.
ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквата негрижа кон вработените во текстилните фабрики и ќе ги гарантира правата предвидени со законот. Со економскиот раст кој ќе следува откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт на изборите во април, ќе се овозможи реален и континуиран раст на платите и достоинствен живот за сите. Напишаа на Фејсбук од комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус