петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 83
home Вести

Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија се потребни луѓе кои се докажале во својата професија, но уште повеќе квалитени и чесни луѓе

Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија се потребни луѓе кои се докажале во својата професија, но уште повеќе квалитени и чесни луѓе

Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека

-ДОСТА Е!
Комисијата за труд и социјална политика, родова еднакост и демогафија при ВМРО – ДПМНЕ континуирано ги следи активностите и мерките кои ги презема Владата за спас на работните места и стабилизирање на економијата во Република Македонија.
Досега дадовме шанса Владата да покаже што знае и умее, покажавме конструктивност и воздржаност и дадовме одреден број на предлози и сугестии за подобрување на состојбите. Оваа наша воздржаност извира од принципиелниот и високо свесен однос за приоритетите на државата и идејата за обединување на целото општество во справување со кризата Ковид 19.
Но, досега мерките кои ги донесе Владата предводена од СДСМ, иако техничка, но искористувајќи ја вонредната состојба, преку октроирање на уредби со законска сила, не го дадоа очекуваниот ефект и не помагаат за спас на работните места и сочувување на екониомијата. Напротив, дел од уредбите се неуставни, имаат негативен ефект на економијата, а особено не се во духот на сочувување на работни места. Истите се осудени од страна на работниците и работодавачите.
За тоа говори и статистиката според која само 7-8% од фирмите аплицираат за кредити. Околу 30% од компаниите воопшто не работат, а уште 50% имаат средни и големи потешкотии при работењето и се пред колапс!
Само 27% од фирмите кои се погодени од кризата планираат да поднесат барање (но се уште не поднеле) за субвенција на придонеси до 50% или субвенционирање на платите до 14.500 денари, а секој втор вработен е погоден од економската состојба, додека секој четврт вработен ќе остане без работа во следниот период од 5 месеци, заклучно до септември 2020.
Со уредбите на Владата се намалија платите на огромен број на вработени во целиот јавен сектор до 30% преку забрана за исплата за додатоци на плата, особено во однос на додатокот за стаж, кој ги погоди со 20% вработените кој се со најдолг стаж. Годишниот одмор им се наметна на вработените да го искористат во целост до крај на јуни, а потоа да работат без престан до следното лето, секако оние кои ќе останат на работа. Не се помага на микро и малите компании кои се најмногу погодени и ги затвараат своите бизнис и отпуштаат вработени со спогодби и откази, што е незаконито, но нема кој да реагира.
Не внесоа во економијата директни финасиски средства за помош на компаниите кои се целосно неповратни, а Македонија има најмало учество од страна на Владата како помош за стопанството и фирмите од само 0,2% од БДП, што е на претпоследно место во Европа, по Белорусија, каде сепак сите фирми работат и нема вонредни мерки. Во пракса постојат огормен број на непознаници и проблеми во примена на и онака несоодветните мерки, реагираат работниците и работодавачите, но Владата не слуша.
ВМРО-ДМНЕ даде конструктивни предлози во однос на сочувување на работните места и спас на економијата, од кои за волја на вистината беа прифатени некои предлози кои се однесуваат на финансиска помош за вработените и линеарно ненамалување на платите на вработените во јавниот сектор во износ од минимална плата (барем засега) но, заради суета најголем дел од предлозите не се прифаќаат само затоа што се од нас!
Е, па доста е! Тие што немаат визија, идеја и методологија за спровување со оваа сотојба, кои и покрај тоа не сакаат да слушаат и одбиваат подадена рака на соработка, не и се потребни на Македонија. Време е способните и нови луѓе да ја поведат земјата.
На Македонија се потребни луѓе кои се докажале во својата професија, но уште повеќе и како квалитени и чесни луѓе.
Тоа се луѓето кои го чинат новиот тим на ВМРО – ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ДОСТА Е!Комисијата за труд и социјална политика, родова еднакост и демогафија при ВМРО – ДПМНЕ континуирано ги следи…

Gepostet von Комисија за труд и социјална политика на ВМРО – ДПМНЕ am Sonntag, 26. April 2020

 

ЕУРО 2020

Македонија