вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 67
home Вести

Комисија за образовние и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Се чини дека се заборави „зошто” е образованието во државата

Комисија за образовние и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Се чини дека се заборави „зошто” е образованието во државата

ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА ПРАВИТЕ СО НАШАТА ИДНИНА, СО НАШИТЕ ДЕЦА?

Се чини дека се заборави „зошто” е образованието во државата. Се загуби тежината на потребата од образовен систем. Свидетелствата и дипломите станаа само хартии, без било каква доказна (валуирана) вредност за стекнатите знаења и интелектот, ниту вистинска употребна вредност во кариерата, креативноста и животот во целост.

Почитувани,
Училиштето е посредник помеѓу ученикот, семејството и општеството, односно „светот” во кој возрасните ја преземаат одговорност, не само за децата и младите под нивна грижа, туку и за целокупниот општествен систем.
Со воспоставување образовен систем, државата спроведувајќи ги политиките на Владата преку надлежното министерство во суштина ги поставува темелите на патеките на едукација, следејќи ги современите искуства, методологии, сознанија, знаења и умеења и на тој начин се грижи да ги воведе и оспособи новите генерации за живот во општеството.
При ова потребна е сериозна анализа, внимателна селекција и квалитетна презентација во сите целни области на проучување кои ја чинат наставната програма на училиштето.

Кога се судираме во секојдневието со недостаток на учебници, клупи и училници, немотивирани, неинспиративни учители, наставници и професори, за каков систем и ред зборуваме.
Дали ги има воопшто?
Ја прашувам Владата предводена од господинот Зоран Заев и Министерот за образование и наука:
На каква одговорност ги учите децата, кога сте тотално неодговорни кон нив?
На која дисциплина ги учите нашите деца, кога и самите не сте дисциплинирани?
Како ги припремате нашите деца за преземање на општествената штафетна палка?
Што мислите дека правите со нашата иднина, со нашите деца?

И сето ова почитувани, од нашиот данок, од нашиот живот. Очекувате тишина од народот за сакатењето на нашите најмили, за нашето сѐ. Се препелкате во решавање на етнички и јазични проблеми, а заборавате дека без образование остануваат осакатени генерации деца и млади луѓе во Македонија, без разлика на верска и национална припадност, сите, сите наши деца.
Сите наши деца без никаква подготовка за живот заминуваат од државата и работат како петти ешалон граѓани не потковани ниту со можност да помислат дека ЗАСЛУЖУВААТ ПОДОБРО.

Д-р Рашела Мизрахи, ЦКОН