вторник, 17. мај 2022. Вести денес: 29
home Вести

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Продолжување на зимскиот распуст за 2 недели

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Продолжување на зимскиот распуст за 2 недели

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук бара продолжување на зимскиот распуст за две недели.

-Почитувани ученици, наставници и родители,

Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега.

Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.
Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици.

Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ ПРЕДЛАГАМЕ:

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 2 (ДВЕ) НЕДЕЛИ!

Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус