сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Цел месец баравме учениците да се заштитат, СДС конечно се смилува

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Цел месец баравме учениците да се заштитат, СДС конечно се смилува

ВМРО-ДПМНЕ извојува победа пред избори. Конечно после цел месец повторување од наша страна дека учениците во овие тешки времиња треба да се заштитат, а не само тие, туку и родителите и наставниците, Владата на СДС се смилува и реши да ја УКИНЕ МАТУРАТА, велат од партијата.

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Со оглед и на итната актуализација на можноста за продолжување на изборите во догледно кусо време искрено се надеваме дека ова не е предизборен поткуп на избирачите, туку дека искрено конено разбраа дека за ЖИВОТ станува збор. Станува збор за заштита на сопственото население, тоа што на секоја Влада и е обврска.

Искрено, исто така се надеваме, дека конечно ќе ја признаат грижата на ВМРО-ДПМНЕ и ОДГОВОРНОСТА на опозицијата кон сопственото население.

Со оглед на тоа дека Министерот за образование и наука конечно слушна и разбра два наши предлога, да се УКИНЕ МАТУРАТА и учебната година да зврши со ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ, се надеваме дека исто така во најкус можен рок ќе ги прифати и останатите наши предлози.

Во овој за нас ПОБЕДНИЧКИ ДЕН, сепак искажуваме голема загриженост за заменичката министерка за образование и наука г-ѓа Елизабета Наумовска, која во овие тешки моменти ја снема од лицето на земјата. Се надеваме дека здравјето добро ја служи и ако е така се прашуваме како тоа, таа како наставничка во средно училиште не најде за сходно да ги поддржи своите ученци.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе води грижа за населението на оваа држава, како опозиција ќе нуди квалитетни предлози и решенија, а како и секогаш останува со својот народ, од секој етникум и религија и ќе води сметка за негова корист.
Ние нема да го понижуваме сопствениот народ со хуманитарен поткуп, ние нема да ги манипулираме и убедуваме дека лагите се вистина, чесно и честито постојано ќе ги покажуваме и докажуваме нашите добри намери и квалитети.

На сите ученици и матуранти во целата татковина, Македонија им пожелуваме УСПЕХ во понатамошниот тек на нивното образование или доспецијализации во одредени стручни насоки, како и БЛАГОСОСТОЈБА во нивниот психофизички живот.
Се надеваме дека во периодот на пандемијата со коронавирусот, КОВИД-19 нашите барања барем малку им го олеснивме животот!

Коронавирус