вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 122
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: За власта на СДСМ воопшто не важат правото и законите

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: За власта на СДСМ воопшто не важат правото и законите

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил споделија статус на кои пишуваат дека за СДСМ воопшто не важат правилата и законите во земјава.

За власта на СДСМ воопшто не важат правото и законите. Тоа се потврдува со неколкуте случаи на незаконско назначување на директори каде што се прекршува Законот за средно образование.

Во Огласот за избор на директор во Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра” – Штип се направени важни пропусти.
Зошто во огласот не се наведени сите услови што треба да ги исполнува кандидатот за директор, потребната документација, времето на траење на јавниот оглас и не е точно утврден рокот во кој ќе се изврши изборот?
Дали одлуката за распишување е донесена под притисок и изговор заради претстојните избори, по само 45 дена од назначување на в.д. директор?

Министерството за образование и наука да преземе активности и да одговори за сите самоволни постапки на директорот без знаење на надлежните.
Државниот просветен инспекторат да реагира на овие нерегуларности и согласно законите ваков оглас треба да се поништи.
СДСМ исплашени од поразот на следните избори преземаат активности спротивни на закон за осигурување на личните и партиските интреси.

Најнови вести