понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ: Власта излезе неподготвена за вакви вонредни состојби како во сите области, така и во образованието

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ: Власта излезе неподготвена за вакви вонредни состојби како во сите области, така и во образованието

Власта излезе неподготвена за вакви вонредни состојби како во сите области, така и во образованието, а во обид да се заврши наставната година и да се реализира предвидената програма, се наметна една мачна состојба како за учениците, така за родителите, а секако и за наставниците и професорите.

Во продеолжение ви ја пренесуваме целата реакција на комисијата за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ:

Во една ваква состојба наместо надлежните веднаш да ја скратат наставната програма колку што може повеќе, да ја прилагодат на моменталната состојба тие секојдневно наметнуваат невиден административен притисок.

Уште еднаш нагласуваме и предлагаме:

Веднаш МОН и БРО да изготват скратена програма до завршување на наставната година, со јасни насоки до наставниците како да постапуваат по неа!

Кога надлежните не се грижат за образованието тоа е оставено на самите вработени во воспитно-образовниот процес.

Затоа да им дадаме поттик на учениците, на наставниците и родителите да издржат во оваа состојба.

Здравјето пред сѐ!

? Власта излезе неподготвена за вакви вонредни состојби како во сите области, така и во образованието, а во обид да се…

Gepostet von Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ am Mittwoch, 15. April 2020

Коронавирус