понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 164
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ: Власта и Царовска ја потценуваат и навредуваат интелигенцијата на граѓаните

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ: Власта и Царовска ја потценуваат и навредуваат интелигенцијата на граѓаните

Власта и министерката за образование и наука Мила Царовска ја потценуваат и навредуваат интелигенцијата на граѓаните. И сето тоа се случува во време кога Македонија руши рекорди со црни биланси од 934 новозаразени.
Дали за министерката Царовска тоа што ги споменува 60 ученици и 160 наставници позитивни не значи ништо?, реагираат од комисијата за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата реакција на Комисијата:

Нели е лицемерно така да зборувате, а хронично болните утре ги терате на работа и ги ставате во ризик нивните животи?

Министерке,

Тргнавте по патот на вашиот ментор Заев и неговиот ученик Филипче, но оставете го лажниот ПР бидејќи се работи за животите на луѓето.

Дали министерката Царовска има точна информираност каква е состојбата во училиштата?

Или Министерке воопшто не сакате да ја слушнете вистината?

Во колку училишта имате направена проценка на ризик за здравјето и опасноста од КОВИД-19?

СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени и затоа ваша обврска е да обезбедите целосна заштита на вработените и учениците.

Министерке,

Проѕирност и чиста демагогија од ваша страна. Лажењето не е доблест и очигледно за вас зборот не е збор.

Со СДСМ и Царовска имаме незадоволни наставници, загрижени ученици и револтирани родители.

Локални избори 2021