петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 130
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Бројките од ребалансот откриваат колку е лажна заложбата на Владата и Заев за потребите за децата и младите луѓе

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Бројките од ребалансот откриваат колку е лажна заложбата на Владата и Заев за потребите за децата и младите луѓе

Премиерот Зоран Заев зборува за заложби и ефективни политики на Владата посебно во делот на социјални политики и образование, а удира по децата и младите кратејќи 844 милиони денари во образованието и 123 милиони денари во труд и социјална политика со Ребалансот на Буџетот.

Според која логика за Заев во Буџетот ќе има повеќе пари за децата и младите ако се кратат:
147.000.000 денари од основното образование;
67.000.000 денари од средното образование;
327.000.000 денари од високото образование;
45.000.000 денари од наука;
221.000.000 денари помалку за Инвестиции во образованието;
450.000 денари од надоместоци за детска заштита;
41.500.000 денари за спорт?

Бројките од ребалансот откриваат колку е лажна заложбата на Владата и Заев за потребите за децата и младите луѓе. Напишаа на Фејсбук од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус