вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 6
home Вести

Комисија за образование и наука: МОН и градоначалничката ги излажаа граѓаните за реновирање на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ (ФОТО)

Комисија за образование и наука: МОН и градоначалничката ги излажаа граѓаните за реновирање на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ (ФОТО)

СДСМ и Заев ветуваа решавање на проблемот во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ со учениците кои ја следат наставата на македонски јазик. Останаа само празните ветувања на СДСМ за решавање на проблемот со недостаток на простор и нормални услови за изведување на наставата, велат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Несоодветните услови не наликуваат на современо училиште, половично направено и недоправено и никако трајно да се реши проблемот.

Во однос на инфраструктурата во првата зграда има голем проблем со греењето поради малите радијатори кои не ги задоволуваат капацитетот на греењето.

Што се однесува до втората зграда има проблем со прозорците, проблем со кровот кој прокиснува на неколку места.

Дворното место има само две стари клупи донесени од општина Тетово, но застрашувачка е оградата на училиштето која е во близина на реката Пена и може да претставува опасност за учениците и целата околина.

Наместо изнаоѓање решение за долгогодишниот проблем и сите ученици да учат заедно, тие создаваат нов со што наставата на македонски јазик е во две згради на старото медицинско училиште, а дополнително од септември тука учат и учениците од спортската академија, со што во двата стари објекта сега учат ученици од две училишта.

Фотографиите покажуваат дека и МОН и Градоначалничката ги излажаа граѓаните за реновирање на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Едното општество за сите со СДСМ значи учениците да бидат деградирани, дискриминирани и маргинализирани.

За сите политички лаги по 12 април мора и ќе одговара некој, а одговорност ќе има и за трошењето на државните пари, на парите на граѓаните, стои во нивниот Фејсбук статус.

Коронавирус