сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Комисија за локална самоуправа: Власта на прав пат да ги дозапусти општините во 2020 година

Комисија за локална самоуправа: Власта на прав пат да ги дозапусти општините во 2020 година

Комисијата за локална самоуправа на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека власта на прав пат да ги дозапусти општините во 2020 година.

-ВЛАСТА НА ПРАВ ПАТ ДА ГИ ДОЗАПУСТИ ОПШТИНИТЕ ВО 2020 ГОДИНА

Ако го анализираме делот од буџетот кој се однесува на Локалната самоуправа, ќе видиме дека власта не само што не нема намера да го унапреди развојот на општините, туку со намалувањето на средствата за Министерството за локална самоуправа за 2020 година, во споредба со 2019 година, власта предводена од СДС однапред ни дава до занење дека општините дополнително ќе назадуваат!

Во тој контекст, ја прашуваме власта:

-каква е таа ваша грижа за општините со намалување на средствата за Министрството за локална самоуправа за цели 50%?
-каква е таа ваша грижа за општините со ваков, и повеќе од катастрофален степен на реализација на капиталните инвестиции кој заклучно со 31.10.2019 година изнесува едвај 3% !?
-каква е таа ваша грижа за стопанствениците и бизнис заедницата кога дури 13 општини нема да добијат блок дотации? и
-како планирате да ги намалите развојните диспаритети со намалување на средствата кои се неопходни за развој на општините?

Колку и да го пумпате буџетот, колку и да ги залажувате граѓаните со вашите предизборни популистички и лукративно затскриени политики и мерки, реалноста е она што секогаш ќе ве побива, а реалноста е она во што веруваат граѓаните!

Затоа – одете си! Заминете пред да ги дозапустите и онака запустените општини, заминете и препуштете им ја работата на оние кои знаат како се реализираат капитални инвестиции, на оние кои знаат што значи работа и напредок во вистинска смисла на зборот!, стои во фејсбук статусот на Комисијата за локална самоуправа.

Коронавирус