среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Комисија за локална самоуправа: Промашени закони- промашена власт!

Комисија за локална самоуправа: Промашени закони- промашена власт!

Промашени закони- промашена власт! Пред само една година, расипничката и недомаќинска власт на чело со несреќниот министер Тевдовски горделиво најави промена на Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа, за сега, непосредно пред донесувањето на општинските буџети за 2020 година и на чекор од избори, како што си е својствено за оваа влада, да се попишмани и преку ноќ да предложи нови измени!, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако со законот што го донесоа си ја блокираа работата бидејќи цели две години ништо не сработаа, сфатија дека ќе мора да изнајдат начин и можност за предизборно да си планираат поголеми буџети со кои ќе ги изманипулираат граѓаните, мислејќи дека ќе добијат шанса после изборите, како што си се навикнаа, да го удрат сатарот и повторно со ребалансите за народот да остане само празна вреќа! За среќа, власта е веќе прочитана книга и народот ќе ја смени, исто како што таа ги менува законите!, стои во нивната објава на Фејсбук и се додава:

„Да појасниме што се менува и зошто власта бара промена на Законот:

Се менува членот со кој општините можеа да ги планираат сопствените приходи до најмногу 10% од просечните приходи и тоа значеше дека општините ќе можат да го надминат максималниот износ од планирани приходи САМО доколку имаат обезбедено потврда за трансфер на средства од соодветни институции за реализација на проекти во општината.

Во случајов, без да се бара потврда за трансфер на средства, се менува можноста за планирање на сопствените приходи до 30%.

Со други зборови, тоа значи дека власта ќе го менува законот без да ги измери фискалниот капацитет и фискалниот напор на општините, кои се клучни за ваквата одлука.

Со оглед на фактот дека општините моментално се во фаза на планирање, креирање и изгласување на општинските буџети, следува нереално планирање на истите, односно следува пре-оптимистичко планирање на приходите, што повторно ќе доведе до креирање на нови долгови во иднина – факт кој граѓаните мора и заслужуваат да го знаат!

Ниту општините станаа транспарентни, ниту се зголеми нивната фискална дисциплина и позиција, ниту пак, граѓаните знаат како се трошат нивните пари!

Она што е извесно е дека неспособноста, некадарноста и бескапацитетноста на власта резултираше со неможност да се покрие стандардизираниот пакет на јавни добра и услуги за граѓаните, по што ќе следуваат напумпани буџети и нови задолжувања на општините!

Ако бар нешто направевте, ако бар во нешто инвестиравте, ако бар за трошка го подобревте животот на граѓаните, тие можеби и ќе почувствуваа дека се на прав пат.

Но, со хаосот што го создадовте, народот е на прав пат да ве смени и да ве прати во историјата, заедно со вашата неспособност!“.

Коронавирус