вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 62
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Закон за легализација = закон за прикривање на дивоградбите на власта

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Закон за легализација = закон за прикривање на дивоградбите на власта

Веќе трета година како Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти плови по институционалните лавиринти, кое отвара сомнеж за сериозни бизнис зделки на власта, велат од комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека СДС беа опозиција, беа најголеми критичари на донесениот закон. Меѓутоа, со доаѓањето на власт, не само што не ја решија состојбата со бесправно изградените објекти, туку дополнително се искомплицира целата постапка. Додека се легализираа објектите изградени до 3.3.2011 година, во општините никнаа нови нелегални објекти. Власта не успеа да ја контролира ситуацијата и додека од една страна се судеа лица за нелегална градба, на друга – луѓе блиски до власта бесправно градеа масовни зданија. И токму пред избори, власта смогна сили и наводно најде начин како да ги реши дивите објекти, кое алудира на популистичка мерка за задоволување на тесно партиски интереси, реагираат од комисијата.

-Ако СДС пред избори на големо ветуваше дека ја запре изградбата на нови бесправни објекти, зошто не ја зголемија инспекциската контрола и не ги срушија сите објекти за кои не смее да се издаде решение за легален објект? Чии интереси стојат позади популистичкиот Закон за бесправно изградени објекти, кога се знае дека во меѓувреме се изградија бројни објекти, на луѓе кои се во блиска релација со партијата на власт? Зошто доколку навистина сакаат да се реши проблемот со дивите градби, не стават рок за завршување на постапките, прашуваат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта во нејзин стил го фаќа последниот воз за да ги решава проблемите кои со години им тежат на граѓаните. Ова не само што не е правиот пат, туку е див начин за нелегално богатење на ограничена група властодршци, велат од комисијата.

Коронавирус