четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Задолжувањето со 70 милиони евра за БРТ во предизборен период е дрзок и безмалку безобразен потег

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Задолжувањето со 70 милиони евра за БРТ во предизборен период е дрзок и безмалку безобразен потег

Локалната самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на Фејсбук во кој прашува дали некој ќе одговара за своите постапки?

-Ќе одговараат ли за своите постапки ?!?
👎Неработливоста, неспособноста, немањето на визија,цел,трошењето на време со небитни работи (отстранување на споменици, галии, надмудрувањa…и сл.), доведоа Скопјани во иднина да го плаќаат цехот на еден неспособен градоначалник!!
▶️Грешките произлезени од преспаниот мандат и создадената затекнатост од неработа, предизвика неповратни 4 години потрошени од нивниот животот❗
Отсутноста на суштинска и стручна дебата, анализа, физибилити студија поткрепена од мислењето на научната фела и други искуства доведува до нетранспарентно и неисправно трошење на јавни пари за т.н. капитални проекти…
Ваквата ситуација доведува до парцијално и брзоплето решавањето на еден, а продуцирање десетици други проблеми…⁉️
Taка задолжувањето со 70 милиони евра за БРТ во предизборен период (на крајот од мандат) е дрзок и безмалку безобразен потег кој отвора рак рани пред сѐ на оној кој ќе биде иден “градски татко” и ќе раководи со главниот град ….❗
👉Безмилосното оставање огромни долгови,создава и огромни проблеми за идните власти…
👉Добивањето на минимално (беззначаен) побрз транспорт, на сметка на уништување на зеленило, подземна и надземна инфраструктура, создавање на нов сообраќаен хаос… е само дел од постоечката енигма на овој сомнителен проект!!
❗За вакви капитални решенија во Законите на државава, но и во практиката на Европските градови се дефинирал поимот “Референдум”-кој на демократски начин треба да изнајде рационално и функционакно решение (од понудени повеќе) за реализирање на ваков капитален проект.
❗Вака брзоплето, наметнато и дискутабилно решение за брз превоз на Скопјани, не е ништо друго освен создавање на уште едно непријатно чувство кај народот дека политиканството односно брзото “мачкање” очи пред изборите е одлика на оваа Власт или накратко тоа се вика:- “затекнати од политички шалабајзеризам”!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Ќе одговараат ли за своите постапки ?!?

👎Неработливоста, неспособноста, немањето на визија,цел,трошењето на време со…

Posted by Комисија за локална самоуправа on Четврток, 22 април 2021

Коронавирус