вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 36
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред избори им ја продава водата на дојранчани

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред избори им ја продава водата на дојранчани

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на својот Фејсбук профил во кои пишува дека власта на дојранчани им ја продава водата.

-НА ДОЈРАНЧАНИ ИМ ЈА ПРОДАВААТ ВОДАТА!

Во очи парламентарните избори, власта во заминување се обидува да го до-дрпне и последното евро! Со планот за склучување на договор за ЈПП за комуналните услуги водовод и канализација во Дојран, на повидок е уште една криминална зделка на власта, која во предизборието ветуваше решавање на овие проблеми без било каде да спомне решавање на истите по пат на ЈПП.

Откако на грбот на граѓаните власта обезбеди грдни пари за да ги извади општините од долгови и откако истите тие пари градоначалниците наместо за развој на оштините, ги искористија за ручеци, вечери и службени патувања и ги дозаглавија јавните претпријатија, сега најважниот ресурс во општеството и светот – водата, се дрзнаа да го даваат на приватно лице!

Така, градоначалникот на Дојран, својата неспособност да направи систем на функционирање и да обезбеди квалитетно водоснабдување и одведување на отпадните води, сака да ја прикрие со приватна компанија чија крајна цел е профитот, наместо интересот на жителите на Дојран.

Знаејќи како и колку власта „одговорно“ и „транспарентно“ ги склучува овие договори, кои се за предлог период во кој никој не гарантира дека приватниот партнер одговорно ќе си ја заврши рботата, сосема оправдано се поставуваат следните прашања:
– Дали зад ова ЈПП стои уште една предизборна лага и криминална зделка на власта во заминување?
– Колкава е веројатноста дека дополнително, со познатите Анекси на власта, нема да се поништи клаузулата за забрана на приватниот партнер да произведува амбалажирана вода?
– Која е гаранцијата на дојранчани дека приватниот партнер нема да им ги наплаќа услугите по астономски цени?

Ги предупредуваме и апелираме дојранчани добро да ги измерат намерите на власта во заминување и со референдумот кој им претстои да не дозволат некој да им ја продава сопствената вода!

Исто така, убедени сме дека: изгорени од власта на Зоран Заев и неговите инсталации, сведоци дека едно ветуваат, а сосема друго прават, граѓаните ќе бидат многу повнимателни кога станува збор за тоа кој ја заслужува и кому му ја даваат довербата на следните избори, стои во нивниот пост на Фејсбук.