петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Владата со ребалансот на буџетот скрати пари кои ги ветуваше СДСМ за младите

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Владата со ребалансот на буџетот скрати пари кои ги ветуваше СДСМ за младите

Имате ли образ да ги погледнете во очи сите тие млади луѓе кои стоеја зад вас со верба во маичките на кои пишуваше Заедно напред!?, ова денеска преку својот Фејсбук профил го прашува Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вложувањето во младите е најсигурен и најефикасен начин за инвестирање во сопствената иднина и Вие тоа многу добро го знаевте, а уште подобро го искористивте како една од многуте предизборни манипулации. Зар после изборите ве зафати некој вид постизборна амнезија па не се сеќавате дека им ветувавте развој на спортот, им ветувавте развој на информатички технологии, можности за поврзување со Европа, но останок во Македонија?!

Свесни ли сте што направивте за младите со ребалансот на буџетот:
 им скративте 41.500.000 денари за спорт;
 им скративте 39.300.000 денари за спортски објекти;

И додека од уста не ја вадите Европа и патот до неа, истата онаа Европа која највисоко ги цени младите информатичари, еве што им сторивте на истите и еве доказ дека не само што широко им ги отварате вратите, туку буквално и народски кажано „на клоци ги бркате“ натаму!

За каква Европа и за каква иднина на младите говорите со:
 10.398.000 денари помалку за информатичко општество;
 26.052.000 денари помалку за МАРНЕТ;
 29.050.000 денари помалку ЗА развој и имплементација на ИКТ!

Со кратење ли токму на оваа најризична популација ќе одиме во Европа?!
Да, младите ќе одат во Европа, но во еден правец, а тоа благодарение на Вам и само Вам! Вие се заложивте дека ќе им помогнете да напредуваат, Вие се заложивте дека ќе ги задржите во Македонија и Вие сте должни да го сторите тоа! Ако не сте способни, а очигледно не сте, што поскоро оставете грижата за младите и иднината на оваа земја да ја превземат оние кои знаат како се прави тоа, оние кои заедно со младите ќе направат вистинска #ОбноваНаМакдонија
#ОСТАВКА
#ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во нивниот статус на Фејсбук.

Коронавирус