понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 19
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов старите паркови „ги продава“ како нови зелени површини

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов старите паркови „ги продава“ како нови зелени површини

ПЕТРЕ ГИ ЛАЖЕ СКОПЈАНИ И СТАРИ ПАРКОВИ ИМ ,,ГИ ПРОДАВА” КАКО НОВИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ!

Власта на СДСМ, на чело со градоначалникот Петре Шилегов денес се дрзна да го нарече НОВО зеленилото во населба Карпош!?

Градоначалникот Шилегов, наместо со современи еколошки стандарди да ја уреди оваа зелена површина, само ја прекопа тревата и засади нова, но сепак, гордо и без трошка срам излезе да се пофали дека станува збор за НОВА хортикултурно уредена зелена површина, за која се потрошени над 3 милиони денари!

Градоначалнику Шилегов, вака ли ги лажете скопјани дека правите нови зелени површини?!

За среќа, кога сликата и фактите кажуваат сè…зборовите се одвишни!

Се обврзавте дека уште од првите денови од мандатот ќе го зголемувате буџетот за заштита на животната средина, а го сторивте токму спротивното, безмилосно повлекувајќи го сатарот токму врз животната средина! – тоа го говорат фактите!

А сликата?! Сликата сведочи дека единственото што го направивте на потегот помеѓу Булевар Партизански одреди и улица Љубљанска е што го отстранивте објектот за туристичка промоција!

Воедно, сликата го демантира Вашето тврдење дека сте создале Нова зелена површина во Карпош!

Додуша на граѓаните им е и повеќе од јасно дека доколку навистина би станувало збор за нова зелена површина, Вие до сега неброен број пати би биле повторувани и рекламирани како вршите ископи, како поставувате црева и засадувате зеленило!

Од друга страна, можеби и ќе успеете да ги излажете жителите кои не наминале во Скопје последниве години, но скопјани, а посебно жителите на општина Карпош знаат дека станува збор за само уште една голема лага на власта која можеби тргнала на прав пат, но во сосема спротивен правец!

Затоа, наместо да се затскривате зад веќе реализирани проекти од Вашите претходници, доблесно би било самите да си признаете дека ситуацијата е лоша и дека ќе мора да работите многу повеќе затоа што времето брзо одминува, а вие не оставате никакви позитивни траги зад себе.

Откако стана и повеќе од евидентно дека очекувањата на граѓаните се изневерени затоа што направивте неброени катастрофални нееколошки потези на уништување на зеленило, најмалку што треба се дополнителни лаги во кои самите се заплеткувате!

Она што е најпотребно е што побрзо да си заминете затоа што не успеавте да го подобрите животот на граѓаните во ниту еден сегмент и затоа што освен лаги, од Вас ништо повеќе и не можеме да очекуваме!

Со почит,
Комисија за локална самоуправа

Објави од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус