четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 209
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ донесе нов закон за јавна администрација со што се прави одмазда кон неистомислениците

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ донесе нов закон за јавна администрација со што се прави одмазда кон неистомислениците

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук статус информира дека власта донела нов закон за јавна администрација со што се прави одмазда кон неистомислениците.

-НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ИЛИ НОВА ОДМАЗДА КОН НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ?!

Со СДСМ тргнавме по патот кон ЕУ, но во обратна насока!

За да се поткрене рампата кон ЕУ и да се подотвори портата, еден од основните услови е намалување на бројката на вработени во јавната администрација. Но, со оваа власт, не само што не се намали бројката, туку истата е двојно поголема, со тенденција да стане и тројно поголема!

Илјадниците нови вработувања во Скопје, како и во сите општини и јавни претпријатија се повеќе од јасен сведок за тоа дека нема крај на бруталното вработување на партиски кадри и тоа повторно и повторно на грбот од граѓаните.

И додека на едната страна имаме нечовечно деградирање на партиските неистомисленици, од другата страна добиваме некомпетентни кадри кои мимо сите законски прописи ,,ги освојуваат” највисоките работни позиции, само затоа што се поддржувачи на власта!

Повеќе од очекувано е дека новиот закон за јавна администрација ќе значи и партиска одмазда кон неистомислениците кои одеднаш ќе бидат жигосани со префиксот ,,неработник”, со што воедно ќе бидат за навек осакатени во понатамошната потрага по вработување.

Ова е уште еден, само за власта својствен ,,иновативно-креативен” начин за вдомување на строго партиски кадри, при истовремено драстично намалување на ефикасноста на институциите.

Дополнителен удар е ударот со кој власта без око да ѝ трепне го омаловажи и приватниот сектор, до таа мерка што ќе го награди со некое си божемно субвенционирање за…замислете…да вработи неработници!?

За апсурдот да биде поголем, се дрзнаа јавно да кажат дека вработените кои не си ги исполнувале работните обврски, ќе биле трансферирани во приватниот сектор!

Се прашува ли власта кој тоа приватен сопственик сака компанијата да си ја пополни со неработници?! Значи, откако ќе ги жигосаат со префиксот ,,неработник” истите тие вработени ќе треба да ја очекуваат милоста од власта која ќе им обезбеди работа во приватен сектор, за кој не знаеме до каде би терал со таков кадар!

Од еден апсурд, кон уште еден-уште поголем апсурд!

Па дури и ќе увезувале работници! Откако ги избркаа нашите работници, сега ќе увезувале работници од други земји!

Кои тоа работници би дошле да работат во земјата која ја напуштаат нејзините работници, токму заради невработеноста…тоа може само власта да го знае!

Од тука, како логичен редослед на нештата, следува уште поголемо иселување на младите затоа што ќе бидат исфрлени од системот во кој има место само за кадрите на СДСМ и уште поголема невработеност, посебно за оние кои не се согласуваат со мислењето и (не)делувањето на власта!

Грешните, односно апсурдните политики на СДСМ повторно ќе ги плаќаат граѓаните!, стои во постот на Комисијата.

Најнови вести

Локални избори 2021