недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Лажните ветувања на СДСМ во Гостивар

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Лажните ветувања на СДСМ во Гостивар

Гостивар е еден од градовите чии жители најмногу го почувствуваа катастрофалното владеење на СДСМ. Пред изборите СДСМ ветуваа проекти, развој и просперитет во сите сфери во Гостивар. Како по обичај, СДСМ ветија и излажаа, обвинуваат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ветуваа голем број на проекти за жителите на Гостивар за подобрување на сообраќајот, каде како најважни можеме да ги издвоиме тие за изградбата на нови улици и два моста во Гостивар, со што ќе се подобри поврзаноста во градот. Од ова, секако ништо не е реализирано. СДСМ ветуваа и реконструкција на локалниот пат од Сретково за поврзување со магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево, за што до денеска не е изграден ниту еден милиметар.

Покрај сообраќајната, СДСМ ветуваа и подобрување на останатата инфраструктура, каде ветуваа целосна замена на цеметно-азбестните водоводни цевки во општината, како и изградба на нова современа регионална депонија. Повторно, СДСМ ветија и не остварија.

СДСМ ветуваа и ревитализација на железничкиот сообраќај во овој град, како и изградба на соларна железничка станица во Гостивар, каде истата требаше да се приклучи во втората фаза од помпезно најавуваниот проектот за модернизација на енергетска ефикасност на железнички станици. СДСМ повторно ветија и излажаа.

На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија, велат во својата објава од комисијата.

Коронавирус