среда, 23. септември 2020. Вести денес: 137
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДСМ наместо украсување можеа да го прочистат воздухот

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДСМ наместо украсување можеа да го прочистат воздухот

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ објави статус на Фејсбук во врска со новогодишните светилки во Скопје.

-НОВОГОДИШНИ СВЕТИЛКИ КАКО ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ

Ако секоја зимска сезона се соочуваме со најголемиот проблем во Македонија – загадувањето, зошто трошиме пари на новогодишни украси?
Ако СДСМ додека беа опозиција, врескаа за огромното загадување низ општините во Македонија, зошто сега се расфрлаат со пари за новогодишна атмосфера?
Зарем се‘ друго е поважно од здравјето на граѓаните?
Најзагадените градови во Македонија – Скопје, Струмица, Охрид, се гушат во високо ниво на канцерогени ПМ честички, ама градоначалниците наместо да се погрижат за здравјето на граѓаните, трошат народни пари за украси и прослави. Или поточно, овие три општини заеднички ќе потрошат дури 21,851,712 денари!
Бесрамноста на власта се покажува веќе трета година. Нема конкретна политика со која би се намалило загадувањето во критичните општини, туку само тендерски постапки за ненаменски трошења.
Градските татковци наместо за украсување, парите можеа да ги пренаменат за субвенции за набавка на економични и еколошки грејни тела, за граѓаните во социјален ризик, за прочистувачи на воздух во училиштата и градинките…Од друга страна пак, Владата во буџетот за 2020 година, предвидува само 0,5% од вкупниот буџет за заштита на животната средина.
Очигледно, властите решиле, наместо да ги спречат последиците од загадувањето, да ги накитат градовите.
Однесувањето на локалните самоуправи само го докажува лицемерието кое владее во СДСМ.
Од опозиција манипулативно критикуваа за новогодишните трошења, но кога се на власт трошат и неколку пати повеќе за истата намена. И наместо Владата да ги забрани новогодишните трошоци и сите пари да се пренаменат за подобрување на квалитетот на воздухот, се продолжува со непродуктивни трошења, без конкретни јавни политики.

Но, доколку власта пронашла иновативно решение и овие сијалички имаат улога на прочистувачи на воздух, предлагаме да добие грант од Фондот за иновации!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус