среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 177
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме оставка од градоначалникот на Гази Баба – Борче Георгиевски и советникот на СДС – Берат Весел!

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме оставка од градоначалникот на Гази Баба – Борче Георгиевски и советникот на СДС – Берат Весел!

Почекавме да поминат неколку дена од грубото прекршување на сè што значи правна држава и морална одговорност. Страстите можеби се смирија, но последиците од настанот во с. Сингелиќ остануваат да бидат пример за тоа како оваа власт практикува правна држава!, региораат преку соопштение објавено на Фејсбук од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМЕ.

Бидејќи градоначалникот на Гази Баба – Борче Георгиевски и советникот Берат Весел немаат ни трошка морална одговорност, ги повикуваме да си поднесат ОСТАВКА!

Доколку неможете да се сетите зошто, ќе ви направиме мал рекапитулар што се случи во Сингелиќ за време на полициски час.
Што ни покажа Сингелиќ?

1.Видовме како се толерира уништување на урбана опрема поставена со парите на граѓаните само заради тоа што на некому не му се допаѓа. Да биде куриозитетот поголем, еден од тие што уништуваа е советник во општина Гази Баба. Истиот тој, на вараварски начин и за време на полициски час отстранува легнат полицаец поставен заради безбедност на учесниците во сообраќајот. Зошто го поставиле за советник, ако неможе на легален начин, преку делување во советот да отстрани барем еден легнат полицаец, е прашањето кое веројатно сите си го поставуваме.

2.Истиот советник во општина Гази Баба не го почитува полицискиот час и собира толпа луѓе, кога полицијата ги приведува заради прекршување на истиот.

3.Толпа луѓе се собира и се заканува (како што слушаме од снимките) со оружје доколку приведените не се ослободат.

4.Градоначалникот Борче Георгиевски, како што вели, самоиницијативно го прекршува полицискиот час и излегува за да го извади советникот и неговите другари од полициската станица.
5.Епилогот е: советникот е изнесен од полициска станица и донесен во Сингелиќ.

Почитуван Градоначалник и советник од општина Гази Баба – вие ја поништивте правната држава. Вие сте пример за тоа:

– како оваа власт го уништи системот на одговорност пред институциите;

– како СДС владее со сите инстуции;

– како не си ја почитувате сопствената влада;

– дека не функционира правниот систем во државата;

– дека вас не ви е битно здравјето на граѓаните, туку вашиот личен интерес;

– дека Македонија е див запад кој го водат Шерифи како Борче Георгиевски и Берат Весел!

Веројатно и овој повик ќе го игнорирате, но сепак би требало да знате дека правда и правна држава ќе има, а тогаш – ќе одговарате!, стои во соопштението на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА – БОРЧЕ ГЕОРГИВЕСКИ И СОВЕТНИКОТ НА СДС – БЕРАТ ВЕСЕЛ!Почекавме да…

Gepostet von Комисија за локална самоуправа am Mittwoch, 15. April 2020

Најнови вести

Локални избори 2021