понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Аздисани локални самоуправи – Општинските буџети не се партиска каса!

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Аздисани локални самоуправи – Општинските буџети не се партиска каса!

Нереални и надуени предизборни буџети донесоа локалните самоуправи од СДСМ, исклучиво наменети за предизборно манипулирње и политички поткуп на народот во време на тешка криза, реагираат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се земе во предвид начинот како другите држави се справуваат со кризата, се туркаат предимензионирано напумпани буџети на општините за предизборно популистички маркетинг и прикажување на некаква си работа пред народот.

Државите и посебно општините во Европа внимателно се подготвуваат за побезболно да ја надминат претстојна економска криза. Тоа значи максимално кратење – ребалансирање на нивните буџети и максимално внимателно елиминирање на сите непотребни расходи и инвестиции во претстојниот турбулентен период.

Ребалансите на буџетите се веќе завршени во најголем број од градовите во Европа и истите им се сведени на разумен обем, исклучиво за најбитните и најнеопходни работи за функционирање, одржување на нивната стабилност и помош на локалната економија. Ваквите ребаланси даваат минимизирање на предвидливите негативни последици од Корона вирусот и превентивно избегнување на најлошото сценарио – евентуален банкрот.

Укажувањето на врвните економски експерти не допираат до ушите на власта во Македонија. Предвидувањата на СЗО не се оптимистичи, крајот на Короната не е така блиску, а економските сценарија се поразителни за светот!

Но, за разлика од ова неминовно паметно ребалансирање на буџетите, нашие аздисани локални власти не размислуваат баш така. Стравот од губење на власта, наместо да кратат трошоци ги тера уште позасилено и недомаќински да се расфрлаат со пари, продавајќи гол популизам во моменти кога анкетите и мислењето на народот им е јасно, а поразот е очигледен и неизбежен!

Локалните власти во Македонија сакајќи да создадат една поинаква слика за себе од она што навистина се- некадарни, неработници, криминалци, ни овозможија да се изнагледаме:

– сомнителни и експресно брзо подготвувани и фингирани тендери за кои верувам дека понатаму институциите ќе имаат полни раце работа;

– непотребни временски и постојани вработувања на партиски кадри по општините кои ќе треба да одработат на овие избори, но и да го амортизираат незадоволството на членството, а сето испреплетено со врвен непотизам;

– се изнагледавме и непотребно расфрлање пари од општинските каси за авторски договори за правни експерти, советници, управни одбори, сомнителни здруженија на граѓани и невладини организации, клубови и сл.;

– фотографирање и вештачки насмевки пред ранливите категории, макарони-пакети, социјално-еколошки пакети или поконкретно кажано, суптилен политички поткуп врз потенцијалните гласачи;

– лопати пред камери, чочеци, шминкерајското гребење асфалт, па сè до поставување тревници вредни 500.000 евра!

Најтрагично е што сето ова се случува во еден од најтешките периоди на земјава кога постојано броиме нови заболени и починати луѓе, семејствата страдаат, економијата е во колапс и ни претстои финансиски тешка и неизвесна година. На крај, вашата сметка ќе мора да ја плаќаме ние- граѓаните, а и бројни генерации после нас!

Граѓаните на Македонија не само од Корона вирусот, нападнати се и од вирусот наречен СДС. Вирус со долготрајни последици.

Не се расфрлајте со парите на народот, не одете да го манипулирате и поткупувате, прочитана книга сте…сега вие одете кај него, а после избори народот доаѓа по вас!

Парламентарни избори 2020