четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Комисија за локална самоуправа: Дали оваа состојба во Тетово е последица од перењето на пари за овие згрешени и фалц проекти? (ФОТО)

Комисија за локална самоуправа: Дали оваа состојба во Тетово е последица од перењето на пари за овие згрешени и фалц проекти? (ФОТО)

Македонија е земја на чудата и иновации, а последната на локалната самоуправа од Тетово е правењето на Оф-роуд велосипедски патеки низ урбани градски средини, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зачудени сме од „храброста“ на Општина Тетово, која реши да се пофали со обележената сигнализација, притоа не забележувајќи ја состојбата и препреките на т.н. велосипедски патеки кои изгледаат како Тетово да е домаќин на следното Светско првенство во друмски велосипедизам.
Ова е само уште еден „проект“ на Општина Тетово, каде во обид за поентирање кај јавноста преку замачкување на очи, имаме состојба која загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните.
Отворено прашуваме, кој ќе сноси одговорност за овој опасен по здравјето проект на Општина Тетово и кој ќе плати за повредените велосипедисти и оштетените велосипеди?
Дали оваа состојба е последица од перењето на пари за овие згрешени и фалц проекти?
Дали за Општина Тетово ваквиот евтин ПР е приоритет, во време кога граѓаните со месеци имаат проблем со водоснабдувањето?, прашуваат од Комисијата.

Најнови вести

Коронавирус