вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 142
home Вести

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Програмската трибина на СДСМ Агенда- Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Програмската трибина на СДСМ Агенда- Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека Програмската трибина на СДСМ Агенда- Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата во изминативе безмалку три години

Програмската трибина на СДСМ Агенда-Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата во изминативе безмалку три години.
Трибината на СДСМ модерирана од најнеуспешниот министер за култура во Македонија покажа дека оваа партија како и досега, така и отсега нема што да понуди како стратегија, план или насока во развојот и унапредување на состојбите во македонската култура, па ова е уште еден обид низ нивните добро познати методи да се обидат низ празни зборови, флоскули, термини кои ништо не значат, стерилни и неостварливи замисли да се обидат да направат илузија дека божем нешто големо и значајно ќе предложат и направат
Од досегашното нивно владеење имавме доволно прилики да се увериме дека ниту умеат да осмислат нешто креативно, корисно или ефикасно, ниту пак располагаат со човечки креативни и стручни кадри за да спроведат некакви реформи или пак успешно да ги раководат институциите од културата. Трите години од нивното владеење јасно покажуваат немање на јасни, осмислени и конзистенти културни политики.
Каков сериозен и цврст концепт има СДСМ во културата кога во 2 години и 6 и пол месеци владеење имаат сменето 3 министри за култура?!Јавноста не знае за ниту еден успешен и значаен проект кој го поддржале или реализирале, за кој на било каков начин се заслужни тие или е резултат токму на нивните политики во културата.
Како заслуги можеме да им ги препишеме:
• Високо буџетираните проекти кој не припаѓаат во културата.
. Негрижата кон националните институции.
• Укинување на значајни театарски фестивали и манифестации
• Укинување на тутулата Национален уметник
• Неодбележување на значајни настани и јубилеи!
• Целосно запоставување, негрижа и оштетување на локалитетите Кокино и Римскиот Аквадукт во Скопје, но и стопирање на процеси за довршување на веќе започнати процеси на конзервација и работа на локалитети Скупи и Стоби.
• Целосна негрижа за депоата во институцииите од областа на заштита на културното наследство.
• Стопирани се сите процеси на меѓународна промоција и заштита на културни добра на светските УНЕСКО-ви листи.
• Под политички притисок и влијание, нематеријалните културни добра „Вевчански карневал“, „Прославување на празникот Водици во Битуше“ и „Традицијата на свирење на Македонската гајда“ без никакво образложение не се прогласени за културни добра и впишани во единствениот национален регистер за културно наследство.
• Катастрофалната состојбата и во Хавзи-пашините конаци каде се чува странската филмска продукција. Наместо санирање, обнова и ревитализација на објектот, конаците се доведени во состојба на целосно уништување.
• Негрижата за културното наследство рапидно се шири во сите сегменти и дејности од областа на заштитата.
• Потпишување на колективен договор со одложено дејство.

Се ова е грдото лице на културата на СДСМ
Постојаното спомнување на ВМРО-ДПМНЕ од страна на модераторот Алаѓовски,укажува на фактот дека тој и целата екипа всушност се исплашени за неуспехот кој следи, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус