понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на актерите од Струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на актерите од Струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“

И после 4 годишната агонија со некомпетентни министри за култура, се појави мала надеж дека актуелната министерка Стефоска, можеби ќе внесе малку свежина и цврста рака во секторот култура.

Но, надежта набргу згасна. Доцнењето на плати, агонијата со колективниот договор и неговото лошо спроведување, неизвесност во културните институции за време на пандемијата, скандалите со УНЕСКО, фалсификатите, но и поставувањето на партиски фискултурни директори само потврдија работата оди на полошо и дека конечно мора да се слушне силниот глас на огромниот број на уметници и здрженија од културата кои јасно кажуваат: Е доста е!

Како Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваме протестот на актерите од Струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“ и апелираме до сите културни работници, да се огласат и за сите други вакви незаконитости во останатите институции.

Апелираме да се потсетат на скандалозниот Предлог-закон за остварување на јавниот интерес во културата кој е во собраниска процедура, во кој јасно стои намерата дека сите овие скандали се само најава за она што следува понатаму. Со овој Предлог-закон само ќе се даде легитимитет на кримналните политики на СДСМ во културата. Културата во Македонија мора да ја водат единствено работниците од културата!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  

ЕУРО 2020

Македонија