Пред некој ден во општина Аеродром од страна на самата општина ова дрво беше заробено со бетон и асфалт. Жителите на општината реагираа потсетувајќи на изјавата на Петре Шилегов за акција во цело Скопје за ослободување на дрвата, велат од Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО- ДПМНЕ.
-Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин грешката „ја корегира“ на начин што дел од површинскиот слој асфалт го отстранува и поставува рабници околу дрвото. Но СДСМ не би биле тоа што се ако повторно не ги ЛАЖАТ граѓаните, велат од Комисијата и додаваат:
„Откако членовите на ОК Аеродром вчера го откопаа ова манипулативно и лажно решение се потврди лагата и манипулацијата на Златко Марин. Се открива дека дрвото и понатаму е заробено во бетон. Ако за едно дрво се спремни да манипулираат што останува за ветувањата од изборната програма на СДСМ ? Деновите поминуваат, реализација нема а лагите полека испливуваат на површина. Што поскоро оваа власт си замине од нивните фотељи толку подобро за македонскиот народ“.