понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 24
home Вести

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Забавен раст на македонскиот бруто домашен производ

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Забавен раст на македонскиот бруто домашен производ

Согласно високо-фрекфентните податоци кои упатуваа на пад на економската активност во вториот квартал од 2019 година, податоците за БДП во q2 2109 година потврдуваат за сериозно забавување на економската активност во Република Македонија. Имено растот на БДП во q2 2019 согласно со податоците од Државниот завод за статистика покажуваат на скромен раст на БДП од 3,1% во q2 2019 година, што претставува сериозно забавување во однос на претходниот квартал кога растот изнесуваше 4.1%, велат од Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто забави растот на бруто домашниот производ на Република Македонија? Во вториот квартал од оваа година растот на БДП бележи опаѓање во однос на првиот квартал пред се како резултат на падот од 4.6% кај секторот Информации и комуникации.
Загрижува фактот што овој сектор наместо да биде двигател на мaкедонскиот развој тој се наоѓа на дното. Да потсетиме, овој сектор бележи континуиран пад во целокупниот изминат период и тоа: 0.7% во првиот квартал од оваа година, 12,6% во четвртиот квартал од 2018 година, 1,7% во третиот квартал од 2018 година, 3% во вториот квартал од 2018 година, 9,1 во првиот квартал од 2018 година…. дали Владата на СДС со својата даночна политика сака комплетно да го уништи македонскиот ИТ сектор и да ги избрка младите од Република Македонија пред се со промените во персоналниот данок на доход со воведувањето на прогресивното оданочување кои го НАПРАВИЈА непрофитабилен овој сектор и ги натераа ИТ стручњаците да се преселат во земјите со пониски даночни стапки?
На ова треба да се надоврзе и падот на преработувачката индустрија од 2.1%. Владата на СДС придонесе за пад на производството на традиционалните македонските производи, на прехранбените продукти, тутунот и на текстилните производи.
Од расходната страна пак јавната потрошувачка континуирано бележи раст во целокупниот изминат период, а во вториот квартал на 2019 година растот изнесува 1,2% со што ненаменски и непродуктивно се трошат средствата на граѓаните! За сметка на раст на капиталните инвестиции Владата на СДС прави социјални трансфери кои што се базираат на политички а не на економски параметри и како популистички мерки нема да придонесат за подобрување на животот на граѓаните само ќе предизвикаат социјална нееднаквост.
Се забележува негативното влијание на нето-извозот врз растот на БДП. Не соодветната политика за привлекување или поточно одвраќање на странските инвеститори континуирано дава лоши резултати. Странските директни инвестиции во q2 2019 година изнесуваат скромни 48 милиони евра, што е најниско ниво во последните десет години. Се забележува раст кај бруто-инвестициите, но тој се должи исклучително на ниската основа од минатата година.
Споредбата со другите земји во Југоисточна Европа ќе видиме дека Република Македонија повторно далеку заостанува. Така растот во Полска во q2 2019 изнесува 4,2%, во Романија 4,6%, Бугарија 3,5%, Унгарија 5,2% …. Сето ова укажува дека напредните земји во транзиција го продлабочуваат јазот со Република Македонија, односно Република Македонија се движи во погрешна насока.