вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев носи уште еден не пазарен и контроверзен проект кој бизнис заедницата ќе го отфрли

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев носи уште еден не пазарен и контроверзен проект кој бизнис заедницата ќе го отфрли

Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук статус објавува дека субвенционирањето на придонеси за поддршка на пораст на платите е уште еден не пазарен и контроверзен проект на Владата на Заев кој бизнис заедницата ќе го отфрли.

-#Субвенционирање на #придонеси за поддршка на пораст на плати – уште еден не пазарен и контроверзен проект на Владата на Заев кој #бизнис_заедницата ќе го отфрли.
Одбивноста на бизнис заедницата кон квази проектите на Владата на Зоран Заев станува се поизразена. Воведувањето на прогресивниот данок навистина предизвика лавина негативни реакции. Едноставно, бизнис заедницата не е заинтересирана за проекти кои не значат подобрување на бизнис климата во Република Македонија.
Да почнеме од проектот за субвенционирање на минималната плата. Во ребалансот на буџетот средствата за овој проект се намалуваат од 4 милиони евра на само 40 000 евра, односно за 90% намалување. Јасен сигнал дека бизнис заедницата не ги користи овие пари и одбива да учествува во овој проект.
Проектот МОЈ ДДВ кој иако уште е во почетна фаза, веќе дава поразителни резултати. Проектот го користат само 150 000 граѓани (една десеттина од возрасните граѓани на Република Македонија), а средствата кои ќе бидат вратени се далеку пониски од очекувањата на Владата.
Деновиве, Зоран Заев промовира нов проект за субвенционирање на придонеси за поддршка на пораст на плати. Човекот на кого му е нормално газдите на фирмите да ги почестат вработените со пари во плик, промовира проект со многу нелогичности кој повторно ќе биде отфрлен од страна на бизнис заедницата.
Многу контроверзии го следат овој проект уште од самиот почеток:
➡️Најпрво, администрирањето на овој проект е навистина комплицирано. Пресметува Управа за јавни приходи, исплатува Министерство за труд и социјална политика, а контролира Министерство за финансии.
➡️Дополнително, ќе се финансираат и високи плати, како на пример во финансискиот сектор, каде просечната плата е двојно поголема од истата на ниво на Република Македонија.
➡️ Истовремено, бенефит ќе можат да остварат и високо профитабилни фирми каде платите се веќе високи.
➡️ Владата не предвидела услов за не намалување на платата по истекот на периодот на субвенционирање, што значи дека фирмата ќе може слободно да ја намали платата веднаш штом запрат субвенциите. Не логично и контроверзно, односно очигледно проект кој треба да даде резултат пред избори.
➡️ Владата со Ребалансот на буџетот за 2019 година буџетирала 400 милиони денари или 8 милиони евра. Се разбира добро е што и овие пари нема да бидат искористени, односно бизнис заедницата нема да учествува во овој проект.
Проектот Субвенционирање на придонеси за поддршка на пораст на плати ќе биде едно големо фиаско и голем пораз на Влада на Зоран Заев. Бизнис заедницата ќе го отфрли, затоа што нема никаква економска логика, не е пазарен туку единствено популистички проект, стои во нивниот пост на Фејсбук.