петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 69
home Вести

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Со ваква даночна политика и реализација на приходи, претстои опасност од загрозување на основните функции на државата

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Со ваква даночна политика и реализација на приходи, претстои опасност од загрозување на основните функции на државата

Со ваква даночна политика и реализација на приходи, претстои опасност од загрозување на основните функции на државата, велат од Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Погрешните даночни политики на #сдсм направија #приходите од #даноци за првата половина од 2019 да имаат пад од -9,4% во реализација од планираното. За 2019 во однос на 2018 за истиот период, падот е за -1%. Најголемото разочарување е во намалениот #профит на компаниите и падот во #данокот на #добивка со -7,3% од планираната реализација. Со ваква даночна политика и реализација на приходи, претстои опасност од загрозување на основните функции на државата.