петок, 29. септември 2023. Вести денес: 97
home Вести

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија НЕ е на прав пат

Всушност и Европската комисија во својот извештај EU Candidate Countries’ & Potential Candidates’ Economic Quarterly (CCEQ) ја анализира македонската економија и предвидува раст на Бруто-домашниот производ од скромни 3,2% за 2020 година, што е многу подолу од ветените 5% од Владата на СДСМ.
Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија НЕ е на прав пат

Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ денеска сподели статус во кои пишуваат дека Македонската економија не е на прав пат.

-Македонската економија НЕ е на прав пат.

Реализацијата на капиталните инвестиции е далеку од планираното темпо, што го потврдува и Меѓународниот монетарен фонд во својот Article IV извештај за Република Македонија. Државниот завод за статистика ги објави податоците за градежништвото во октомври и ноември. Согласно податоците, извршените градежни работи во ноември забележуваат годишен пад од 4,4% или во периодот октомври-ноември падот изнесува 1%. Ваквите податоци укажуваат дека растот на БДП во четвртиот квартал дефинитивно ќе биде понизок од растот во претходните квартали.

Всушност и Европската комисија во својот извештај EU Candidate Countries’ & Potential Candidates’ Economic Quarterly (CCEQ) ја анализира македонската економија и предвидува раст на Бруто-домашниот производ од скромни 3,2% за 2020 година, што е многу подолу од ветените 5% од Владата на СДСМ.

Со ваква стапка на раст, Република Македонија дефинитивно НЕ е на прав пат. Со ваква економска политика и ниски стапки на раст, просекот на Европската унија ќе го достигнеме за повеќе од 50 години, стои во нивниот пост на Фејсбук.