вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО- ДПМНЕ: Во чии џебови одат субвенциите за обновливи извори на енергија?

Комисија за енергетика на ВМРО- ДПМНЕ: Во чии џебови одат субвенциите за обновливи извори на енергија?

Во чии џебови одат субвенциите за обновливи извори на енергија? Според последните анализи базирани на редовните извештаи на Регулаторната комисија за енергетика, за субвенционирањето на обновливите извори годишно се трошат неколку десетици милиони евра, а тоа е само 2,5% од вкупната произведена електрична енергија во земјата. Се разбира сите веќе знаат дека најголем дел од овие пари ќе завршат во џебот на доскорешниот вицепремиер Анѓушев, но сепак голем дел од луѓето не знаат дека субвенциите за зелената електрична енергија ги плаќаат самите преку месечните сметки за електрична енергија. Ова значи дека секое зголемување на инсталираните моќности од обновливи извори кое го прави Владата со Одлука, може да предизвика поскапување на сметките за ЕЕ, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО- ДПМНЕ.

-Господинот Анѓушевпреку неколку различни компании поседува околу една третина од сите мали хидроцентрали во Македонија и само во 2018 година од субвенциите за обновлива енергија неговите фирми имале околу 3,5 милиони евра приходи. Долго време преку медиумите во Македонија се продаваше приказната дека вицепремиерот има неколку „мали ХЕЦ“. Дали навистина се мали „малите ХЕЦ“ на Анѓушев говори фактот дека годишно имаат приход од огромни 3,5 милиони евра.
Во наредниот период се очекува со новоизградените мали хидроцентрали оваа сума да достигне до 4,3 милиони евра приходи во неговиот џеб.

Ова значи дека секое семејство ќе одвојува по близу 500 ден годишно или секој граѓанин по околу 180 денари за субвенционирање на неговите бизниси. Со други зборови може слободно да се каже дека во изминатите 10 години секое семејство за оваа намена потрошило безмалку по 100 евра.

Со последните неколку набрзина доделени концесии за три ветерни паркови на приватни инвеститори со нејасна сопственичка структура и сомнителен капитал ќе имаме нови 100 MW инсталирана ветерна моќност. Во изминатиот период се доделија и дополнителни 30 MW нови мали хидроцентрали, а ако на ова се додадат и 35 MW на фотоволтаици кои се поделија помеѓу елитата на СДСМ на„транспарентен“ начин, доаѓаме до бројка од околу 160 МW нови обновливи извори.

За овие нови обновливи извори ќе бидат потребни дополнителни 40 милиони евра годишно за субвенции, а тоа значи дека со самото доделување на овие концесии Владата на СДСМ неофицијално веќе ја поскапи цената на електричната енергија за наредниот период.
Ако овде се земат предвид и трошоците за балансна одговорност кои обновливите извори на енергија (зелена енергија) не се обврзани да ги плаќаат, овие суми може да бидат и значително поголеми.

Одовде многу лесно може да се пресмета дека секое семејство во Македонија во наредните годиниза субвенционирање на зелената енергија ќе одвојува дополнителни70 евра годишно кои ќе завршат во приватни џебови и олигархијата на СДСМ.

И додека сите европски земји имаат стратегија за соодветна распределба на приватниот капитал кој се инвестира во енергетиката, во Македонија за две години власта успеа да го подели енергетскиот колач меѓу неколку политичари и неколку олигарси.

Откако вицепремиерот ја најави својата оставка на неколку дена пред Новата Година, во неговото последно интервју изјави дека цената на електричната енергија мора да поскапи.
После оваа изјава, надежта дека нешто ќе се подобри во енергетиката згасна.

Одовде за обичниот граѓанин се поставуваат неколу важни прашања:

Дали е мал бизнис, бизнисот со „мали ХЕЦ“ кој носи 4,3 мил евра годишно приход, без големи ангажмани и ризици и дали е реално со 20 тина вработени да се заработат такви пари?Колкаво производство, колкав ангажман, колкави ризици и колку вработени им се потребни на менаџери во други производни гранки во Македонија да остварат ваков приход?

Дали сиромашна држава како Македонија треба да се расфрла со пари за слепо следење на трендови и субвенционирање на енергетските бизниси на олигарсите?

Дали е дојдено времето да се укинат субвенционираните „повластени“ тарифи или да се воведе оданочување на сметка на овие профитери, кои се богатат на грбот на обичните граѓани?, стои во нивната Фејсбук објава.

Коронавирус