среда, 2. декември 2020. Вести денес: 51
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ продолжува да врши брутална партизација во предизборен период со вработување во енергетскиот сектор

Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ продолжува да врши брутална партизација во предизборен период со вработување во енергетскиот сектор

Само во период пократок од 30 дена (месец Декември 2019 и месец Јануари 2020 година) во АД ЕСМ и МЕПСО се вработени повеќе од 400 партиски војници на СДСМ и коалиционите партнери како и блиски роднини на партиски функционери и раководни лица, реагираат од комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ.

Новина е дека после сите овие 400 партиски војници кои добија вработувања во редовен работен однос, се очекува бран од привремени вработувања на повеќе од 200 партиски активисти во РЕК Битола, велат од комисијата.

Во продолжение целата реакција на Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ:

Јавноста има право да знае дали СДСМ им има ветено на повеќе од 200 партиски активисти вработувања во РЕК Битола преку Агенцијата за привремени вработувања АПВ Декра Арбеит Македонија? Односно, дали новите 200 ќе бидат вработени по истиот Договор за ангажирање на агенција за времени вработувања по кој работеа нивните партиски „соборци” до 26 Декември 2019 година, а, кои сега се веќе редовно вработено во РЕК Битола?

Дали мисли СДСМ дека со овие вработувања ќе ги подобри резултатите на престојните парламентарни избори?
Дали доколку се реализира овој „проект” на СДСМ, надлежните Институции како Државната Комисија за спречување на корупција, Министерството за финансии и
Државниот инспекторат за труд нема да преземат соодветни мерки против сторителите, согласно Законите во Република Македонија?

Ова е само уште една од многуте небулози на власта во заминување. Очигледно е дека наместо за развој на државата, СДСМ не престанува да троши за партиски вработувања, што е спротивно од тоа што го ветуваа пред да дојдат на власт.

СДСМ прокоцка три години од животот на граѓаните и време е да си замине!

Коронавирус