петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Осломеј се “модернизира“ и работи како мазутара

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Осломеј се “модернизира“ и работи како мазутара

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук алармира дека РЕК Осломеј се модернизира и работи како мазутара.

-РЕК Осломеј се “модернизира“ и работи како мазутара

Вчера јавноста имаше можност да слушне од актуелниот Претседател на Регулаторната комисија за енергетика дека ако треба РЕК Осломеј ќе бил пуштен во погон, т.е да не се секирале македонските граѓани за снабдување со електрична енергија. За да појасниме колку кадрите на СДСМ во областа на енергетиката се спремни РЕК Осломеј да го пуштат во погон и приклучат на мрежа, ќе потсетиме на настаните на почетокот на март годинава, кога се обидуваа да го сторат токму тоа.
Од крај на февруари па сė до 12 Март 2020 година, ЕЛЕМ се обидуваше да го вклучи РЕК Осломеј во производство. Повеќе од една недела се правеа безуспешни обиди, но ништо. На крај активностите беа прекинати и обидите запрени, затоа што се појави дефект на т.н. отшљакувач, а јагленот не беше со соодветен квалитет. За сето тоа време РЕК Осломеј работеше на мазут, при што се потрошени околу 1500 тони мазут.
И што е резултатот: РЕК Осломеј не може да се вклучи во работа, а троши огромни количини мазут, ја загадува околината со пепел и издувни гасови без никаква контрола.
Секоја чест за “шампионите во енергетиката“, потрошија мазут, ужасно ја загадуваа околината и што е најважно, ништо не произведоа. Затоа пак, цистерни полни со мазут во редици се движеа кон РЕК Осломеј.
После поправката на отшљакувачот, повторно следуваше неуспешен обид за старт на РЕК Осломеј, по што се потрошија уште 100 тони мазут и повторно дефект, сега поради високи вибрации и мора да се застане со работа. Неуспешен обид за санација на вибрациите и испитување од надворешнен изведувач за откривање на изворот на вибрации.
После ова следи трет обид за стартирање на блокот на 9 март, повторно потрошени 100 тони мазут и повторно исклучување поради вибрации. И повторно нема производство на електрична енергија, а има огромни трошоци. И како ништо да не било, како да е нормална состојба за актуелното раководство на ЕЛЕМ.
На 11 март во вечерните часови повторно стартување на блокот, а на 12 март повторно се случи исклучување поради вибрации. Вибрационата состојба е знак за неисправност на опремата и можност за хаварија со тешки последици ако истата не се санира. Иако оваа алармантна состојба е сигнализирана од стручните служби како состојба која е опасна по опремата и луѓето, раководство со сите сили бара да се вклучи РЕК Осломеј во погон спротивно на техничките правила за погон и сигурност во работата. Цело време додека се стартува блокот има недозволени вибрации кои се основна причина за евентуални хаварии и претставува реална опасност за вработените кои работат во РЕК Осломеј. Потрошено е близу 2000 тони мазут, направени се трошоци за овој период од околу 1.000.000 евра, но нема можност за сигурно производство на електрична енергија. Освен тоа се направи и големо загадување на околината со пепел и отровни издувни гасови. Кој ќе ги сноси трошоците за ваква работа кои се проценети на околу 1.000.000 евра? Се разбира- сите граѓани на Република Македонија.
Втор проблем се ремонтните работи кои се направени во РЕК Осломеј и со тоа треба РЕК Осломеј да биде спремен за погон без последици. Посебно што за тие ремонти се потрошени многу средства и извршени голем број на набавки. Но, дали тие ремонти се навистина спроведени како што треба?
Секако не се очекува надлежните институции да преземат нешто за ваквиот начин на работа во РЕК Осломеј. Прашање е дали воопшто има барем некој од актуелното раководство на ЕЛЕМ да понесе морална одговорност за штетите, загадувањето и опасностите од вакво работење по вработените во РЕК Осломеј?
Но, одговорност за ваквото работење мора да има. Ваквата неодговорност народот ќе ја казни кога и да е, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус