четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Промашени и лажни инвестиции на СДСМ

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Промашени и лажни инвестиции на СДСМ

Деновиве во јавноста има повеќе соопштенија на функционерите од СДСМ за инвестиции во енергетиката, велат од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на Комисијата:

Сите тие најави за инвестиции од СДСМ се категоризираат во две можни групи:

– првата група се стандардно промашени и штетни за Македонија,

– втората група се лажни инвестиции.

Повеќе пати ја информиравме македонската јавност за штетните инвестиции како што е:

инвестирањето во терминалот за течен гас и гасна централа во Александрополис во Грција,

подарок на ХЕЦ „Тиквеш” на приватен партнер за да ја изгради ХЕЦ „Чебрен”.

Лажни инвестиции кои ги ветуваат, а нема никаква активност ниту нешто се работи да се реализираат во догледна иднина како на пример:

изградба на фотонапонски електрани во кругот на РЕК „Битола”, на локација Тиквеш-Витачево, на локација Леуново, на локација Пискупштина,

изградба на когенеративна-гасна централа во РЕК „Битола”.

Секако, функционерите од СДСМ кои се заинтересирани само за криминал во енергетиката како да подзаборавија да ја споменат реконструкцијата на електростатските филтри во РЕК „Битола” која е најавена во вредност повеќе од 30 мил евра, па дури и престанаа со постапката за нејзина реализација.

Вредно е да се анализира постапката што ја најавуваат како инвестиција за која се планирани околу 20 милини евра, како што е „Ископ на инвестициска откривка во Рудник „Брод Гнеотино” и  Рудник „ПЈС” (РЕК Битола). Овие јавни набавки се објавени на електронскиот систем за јавни набавки од договорниот орган АД „ЕЛЕМ” во државна сопственост, Скопје на 25.03.2021 година, под број 04986/2021 и број 04984/2021, а отворањето на понудите е закажано за 26.04. и 27.04.2021 година.

Наведената „инвестиција” е апсолутно лажна од причина што инвестициска откривка може да има за рудник кој е во фаза на отворање, пред ископ на првата количина на минералната суровина, а не како што се рудниците „Брод Гнеотино” и  „ПЈС” кои се отворени пред повеќе години и се во фаза на експлоатација.

Од кои причини се објавени овие јавни набавки како инвестиција, треба да дадат одговор одговорните лица во АД „ЕЛЕМ”.

Дали зад тоа се прикрива лошото работење за да се прикажат помали трошоци за тековно работење?!

Им сугерираме на одговорните лица во АД „ЕЛЕМ” дека треба да знаат дека согласно Кривичниот законик на Македонија за лажно прикажување, невистинита состојбата и движење на средствата и на резултатите на работењето на компанијата се одговара со кривична одговорност.

Прашањето е зошто наместо да вршат ископ со основната рударска опрема која ја поседува АД ЕЛЕМ,  сакаат да вршат ископ со надворешни изведувачи. Дали тука се кријат некои други интереси и намера на некои раководни лица да остварат  значителна имотна корист од овој начин на ископ ?!

Вистината за овие сомнителни набавки ќе ја дознаеме по завршувањето на „трас-трас“ судството и “Русковска“ обвинителството на Заев и воспоставување на функционален и ефикасен правосуден систем.

Секако независни, самостојни, правосудни институции и ситем во Р.Македонија ќе има по падот на СДСМ и Зоран Заев од власт, кои се етаблираа како синоним за криминал, корупција и брутално кршење на сите закони.

Коронавирус