понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ: На фалбите на Претседателот на Регулаторнате комисија за енергетика им нема крај!

Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ: На фалбите на Претседателот на  Регулаторнате комисија за енергетика им нема крај!

Го слушаме сите Претседателот на РКЕ на ТВ ТЕЛМА како се фали колку умесно го решиле енергетскиот пазар во Македонија. Наместо ЕЛЕМ да го добие тендерот и да стане Универзален снабдувач, раководството одлучува АД ЕЛЕМ на приватниот монопол ЕВН односно EVN Homе да му продава електрична енергија по неверојатно ниска цена од 34,5 ЕУР за MWh. Според Претседателот, ЕЛЕМ ги скратил трошоците за рудниците и затоа оваа цена била поволна. Од друга страна вели дека не го регулираат ЕЛЕМ! Од каде знае тогаш какви им се трошоците за рудниците и дека им се намалени, ако од 2019 година не ја одредуваат цената на ЕЛЕМ?, реагираат од комисијата за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ.

Што да се каже на ова? Свесно, со депласирана и непазарна цена се уништува АД ЕЛЕМ за сметка на профитот на приватна компанија. На истата компанија на 1 јули минатата година РКЕ донесе Одлука со која дополнително ги почестува ЕВН, односно цената на дистрибутивната тарифа ја зголемува за околу 7 проценти. Но, за да не го осетат тоа граѓаните преку сметките за отприлика 14 проценти ја намалува преносната тарифа на МЕПСО при одредување на цената која на крајот ја плаќаат сите граѓани на Македонија. Сė со цел да прикажеме лажна слика дека имаме либерализиран пазар на електрична енергија со слободно формирани цени, а всушност сме длабоко регулирани со наметнати антизаконски решенија.

Во ЕЛЕМ пак ситуацијата е уште подраматична. После празнењето на акумулациите сред лето и продавање наводни вишоци електрична енергија за нечии бизнис инереси се случуваат нови трагични дејанија. Пред Нова Година потпишаа милионски тендери изразени во евра со “реномирани” фирми за ископ на јаглен, а сега најавуваат објавување на тендер за набавка на сопствена механизација за ископ на јагленова руда и тоа истиот тендер кој веќе објавен го поништија кога дојдоа на власт.

Навистина интересна сосотјба на пазарот на електрична енергија!!!

На фалбите на Претседателот на Регулаторнате комисија за енергетика им нема крај!!!Го слушаме сите Претседателот на…

Gepostet von Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ am Mittwoch, 22. April 2020

Коронавирус