четврток, 22. април 2021. Вести денес: 138
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Колку надлежните од СДСМ мислат на заштитата на животната средина и аерозагадувањето чија причина е РЕК Битола?

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Колку надлежните од СДСМ мислат на заштитата на  животната средина и аерозагадувањето чија причина е РЕК Битола?

Колку надлежните од СДСМ мислат на заштитата на животната средина и аерозагадувањето чија причина е РЕК Битола
РЕК Битола од една од своевремено најуспешна енергетска компанија на ниво на Европа, во последните четири години откако е СДСМ на власт стана синоним за рекордер на хаварии. Нема ден, а да не се слушне некоја хаварија со далекусежни последици. Најновата лоша вест е огромното аерозагадување кое го предизвикува РЕК Битола.

Оваа информација се објави од страна на Државниот инспекторат за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање за неисполнување на еколошките барања од РЕК Битола. Набројани се регистрирани факти за работењето и загадувањето. Тоа се факти од надлежна институција што само по себе кажува за сериозноста на проблемот.

Констатирано е многу опасно и неколкукратно зголемено загадување со сулфурни оксиди и прашина за 2018 и 2019 година. Овие загадувања се директна последица за таканаречени кисели дождови односно врнежи на дожд и сулфурна киселина кои ја уништуваат здравата животна средина.
Овој проблем РЕК Битола мораше да го реши до 01.01.2018 година, а истиот го пролонгираше до 01.01.2019 година, поради нивниот добро познат стил на делување „ЌЕ“. Но, иако сме 2021 година, сегашното раководство на АД ЕСМ поставено од СДСМ нема ништо преземено за разрешување на овој горлив проблем.

Наместо раководството на АД ЕСМ да преземе одговорност и се зафати со работа за решавање на проблемите, тие коментираат дека се грижат за животната средина и дека преземаат активности за модернизација на електростатски филтри и десулфуризација, како и намалување на непокриена површина со пепел, нови проекти за водено отпепелување, намалена потрошувачка на мазут и слично. На ваков извештај од Државниот инспекторат, АД ЕСМ дава коментар кој е целосно без основа.

Но каква е вистинската состојба?
Во 2017 година кога СДСМ дојде на власт и го презеде управувањето со ЕСМ најде готов одобрен проект кој се реализираше, а се работеше за одлагалиште на пепел и згура, како и спремна документација за модернизација на електростатски филтри на трите блока, пред објавување јавна набавка со обезбедени финансиски средства од 20 милиони евра. Проектот за модернизација на електростатските филтри раководството на АД ЕСМ веднаш го прекина. Затоа на 23.03.2019 година започна набавка број 18-268/2018 без објавување оглас со директна спогодба за делумна санација на филтрите со истиот буџет од 20 милиони евра. Постапка која е поништена од Државната комисија за жалби по јавни набавки. Потоа следат изјави од раководството на АД ЕСМ и Владата дека ќе се објави нов оглас во 2020 година со буџет од 32 милиони евра, но тоа сé уште не е направено. На што се должи ваквата најава за зголен буџет? Можеби постапката тече, но без оглас туку со директни прегори во “четири очи“ . Тоа засега не се знае.

АД ЕСМ во својата изјава тврди дека потрошувачката на мазут е намалена во споредба со претходните периоди, но заборава да каже дека потрошувачката на мазут е директно зависна од производството на електрична енергија. Во последните 4 години кога СДСМ е на власт производството на електрична енергија од РЕК Битола бележи значајно намалување, т.е. најмало производство откако постои РЕК Битола. И при вакво минимално производство на електрична енергија, загадувањето со сулфурни оксиди и прашина е драстично зголемено.
Треба АД ЕСМ да даде одговор на што се должи ваквото опасно зголемено загадување? Дали тоа е последица на крајно неквалитетен мазут кој се увезува од соседна држава полн со сулфур и со тоа се предизвикува вакво огромно загадување на градот Битола и пошироката околина?
АД ЕСМ изјавува дека се направени ремонти на трите блока и истите се спремни за погон. Резултатот е дека цело време во погон е само еден блок и тоа со половина моќност. Имаѓе тешка хаварија веднаш после ремонтот на турбина од блок 2 и истиот не е во погон.

Рударските машини за ископ на јаглен и јаловина во рудникот се повеќе во дефект отколку во погон. Главниот багер КУ300 е во дефект, а исто така во дефект се и багерите 630/1 со погонски станици, па ископ на јален практично и нема.
За ваквата хавариска состојба во последните три години со загадувањето ниту збор од АД ЕСМ за преземање на одговорност. Или тоа е мислена именка за ова раководство на АД ЕСМ?

Со ваквото загадување се врши директен атак врз животната средина за што ги охрабруваме надлежните институции да преземат соодветни санкции кон одговорните лица во АД ЕСМ за вакво неодговорно работење, кое предизвикува штетни последици за животната средина. Наместо пародии од пресови и фалби, СДСМ треба здраво да се фати за работа, а не само кога идат избори да го замајува народот со зборот „ЌЕ“.
Но, народот веќе ја прочита оваа коруптивна гарнитура која не само во енергетиката, туку и во сите области најмногу милува да се фали, а во позадина да ги троши народните пари на „тендери во четири очи“, од кои се уште никаков ефект немаме видено.
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус