сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Како СДСМ се спрвува со злоупотребите на екстра лесното масло за греење?!

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Како СДСМ се спрвува со злоупотребите на екстра лесното масло за греење?!

Министерството за финансии извести дека постои злоупотреба на екстра лесното масло за греење ЕЛ-1. Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти дека е направена “Анализа на потрошувачката на екстра лесно масло за греење и предлог мерки за сузбивање на нелегалното користење и употреба”. Беше потврдено дека такви злоупотреби постојат и дека со тоа се нанесува штета на буџетот на Република Македонија, а се зголемува и загадувањето на животната средина, но дека моментално не планираат да преземат мерки за решавање на овој проблем. На овој начин оставаат сомнеж кај народот дека работат за лични или партиски криминални интереси, комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Анализата само го потврдува сомнежот дека некои луѓе од државните институции одработуваат за оние кои вршат злоупотреби со екстралесното гориво. Несфатливо е како државата од една страна се задолжува за да им помогне на фирмите, а од друга, не сака, преку регулација на пазарот да ги наплати даноците. Некој смислено го одолговлекува решението за ставање крај на злоупотребите со екстралесното масло. Долгоочекуваната анализа на Министерството за финансии само ги потврдува состојбите, но не нуди конкретни чекори од страна на државата, туку само се предлага сет од три мерки.

Разликата на малопродажната цена помеѓу ехтра лесното масло за греење и дизел горивата изнесува 12 ден по литар, што е причина за злоупотребата со т.н. црвена нафта како гориво за возилата. Зошто СДСМ одлучи да не преземе ништо за ставање крај на овие злоупотреби, можеме само да претпоставиме, но Министерката за финансии Нина Ангеловска е должна да ја каже вистината на граѓаните. СДСМ постојано ветуваше дека ќе го реши овој криминал, како за време на Зоран Заев кога беше Премиер, така и сега за време на техничкиот Премиер Оливер Спасовски.

Дојде време да ставиме крај на владеењето на СДСМ. Освен празни ветувања и неспособност за решавање на проблемите, ништо повеќе не покажаа. За жал, Македонија стана лидер во заболени и смртни случаи од вирусот COVID-19, државата е втурната во рецесија, а не очекува тешка економска криза ако истите останат на власт.

Време е за чесни и народни политичари. Време е за нов политички лидер, нов Премиер на Република Македонија, за економска обнова на нашата држава. Затоа на 15 јули да излеземе масовно на предвремените парламентарни избори и да ја казниме оваа ненародна власт.

Обновата доаѓа!, порачуваат од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус