среда, 8. декември 2021. Вести денес: 95
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Доцна е за СДС и ДУИ да се сликаат пред мобилната лабараторија која не работи 3 години

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Доцна е за СДС и ДУИ да се сликаат пред мобилната лабараторија која не работи 3 години

Деновиве актуелна е аферата со сомнителниот квалитет на течните горивата и увозот на токсично масло место мазут. Многу институционални недостатоци излегоа на виделина, пред сẻ заради неспособноста на владеачката гарнитура предводена од ДУИ и СДС.

Во програмата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ која беше промовирана на минатогодишните парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија предвиде и предложи мерка за проверка на квалитетот на течните горива. Целта на оваа мерка беше да почне да функционира Државната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на течните горива, која сẻ уште не е во функција. Ова е многу важно за да се гарантира пропишаниот квалитет на течните горива од страна на државните органи.

Доколку ВМРО дојдеше на власт место СДС и ДУИ, оваа мерка ќе беше реализирина и ваков увоз на канцерогено масло немаше да биде дозволен. Со спроведување на оваа мерка од програмата „Обнова“ немаше да се увезува неквалитетен мазут, кој не ги исполнува стандардите на ЕУ, со што ќе се овозможење заштита на човековата околина од загадување.

Сега откако се случи скандалот со мазутот кој го објави ИРЛ, веќе е доцна за СДС и ДУИ да се сликаат пред мобилната лабораторија која 3 години не е во функција. ДУИ и СДС требаа многу одамна да го реализираат ова, со цел да се спречат вакви појави со увоз на неквалитетни течни горива.

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на Комисии ВМРО ДПМНЕ

Најнови вести

Коронавирус