четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 116
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали РЕК Битола ќе биде новиот тат во Битола ?

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали РЕК Битола ќе биде новиот тат во Битола ?

Последниве четири години имаме контроверзии и суми од кои боли глава, кои ја следеа скапата пракса, приватници да копаат јаглен за РЕК Битола. Во меѓувреме се откри дека последниве четири години јагленот константно ја подгрева љубовта меѓу власта и тајкуните. Официјалните бројки покажуваат дека приватниците „изгореле“ повеќе од 200 милиони евра за времето на СДСМ и Заев. Во периодот додека СДСМ беше опозиција жестоко обвинуваше за корупција и силно ветуваше прекин на ископ со приватни фирми во РЕК Битола. Меѓутоа откако СДСМ дојде е на власт, во овие четири години пропаднаа обидите да се купи државна механизација и се остави широко поле за коруптивни тендери и сомнителни тендерски постапки за ископ на јаглен и јаловина во Рудниците во РЕК Битолa, се вели во Фејсбук статусот на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тендерските постапки покажуваат дека годинава најголем дел од тендер-колачот за јаглен отишол кај бизнисмените кои соработуваат или се блиски со братот на Зоран Заев. Дури 12,6 милион евра од оние наменети за ископ и за помошна механизација отишле кај „Пелистер“ на битолчанецот Силјан Мицевски, фирма која е етаблирана и која изминатава деценија постојано соработува со македонскиот енергетски гигант. Во листата на компании што годинава работат во рудниците се и „Марковски компани“ и „Руд-коп“, приватници кои и претходнo работеле во рудниците за јаглен. Првата со договори од околу 10 милиони евра, а втората со договори вредни приближно седум милиони, пишува во објавата.

– Нови се кавадаречката „Машинокоп“, со тендер тежок повеќе од пет милиони евра, и битолската „СВ-Инвест“, која заедно со минатата година има договори вредни три и пол милиони евра со РЕК Битола. Токму појавувањето на „СВ-Инвест“ предизвика контроверзии и ги врати старите политички конфронтации, но сега со сменети улоги. Сега ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ дека фирмата е параван за бизнисите на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев. Стојан Чифлигароски, 37-годишниот сопственик на „СВ-инвест“ не криеше дека има пријатели во семејството Заеви. Со доагањето на СДС на власт пракса стана во ЕЛЕМ и РЕК Битола без конкретни аргументи да се прескокнува вообичаениот и транспарентен тендерски процес, во кој може да се натпреварува која било компанија, а не само тие што ќе ги избере раководството на ЕЛЕМ по диктат на Вице. „СВ-Инвест“ пред 2018 ниту „ЗИМАК“ пред 2019, никогаш не работеле за РЕК Битола, ниту пак за која било државна институција.
Интересно е што РЕК Битола никогаш не ја одбрала „СВ-инвест“ или „ЗИМАК “” на јавен оглас достапен за сите, туку заедно меѓу себе ги поканила да дадат понуда и да преговара. Тоа е брза постапка, која меѓу народот е позната како „договор во четири очи“ и која законот ја дозволува само во специфични случаи. Но, со двоецот Заев- Ковачевски ова стана стандардна процедура, стои во Фејсбук статусот.

– Пред неколку дена на огласната табла на Основниот суд во Битола осамна решение за отворање на стечајна постапка за компанијата СВ Инвест увоз-извоз ДООЕЛ Битола. Во моментов е отворена стечајна постапка по барање на Доверителот Градба Инвест Плус Дооел Битола, кој има неплатени побарувања од 16,5 милиони денари од СВ Инвест. Воопшто не е јасно како може компанија која добива милионски тендери да остане должник кон доверител за 270 000 евра. Ова остава многу сомнежи и неразјаснети работи за кои граѓаните треба да бидат информирани. Дали анонимната компанија која преку ноќ високо се етаблираше, ќе згасне исто така преку ноќ? Во чија сопственост е другата компанија која ја покренала постапката за стечајот? Каде се наоѓа сопственикот на СВ Инвест во моментов? Дали отворањето на стечај е договорена работа со цел да не се платат даноците кон државата, но и да се прикријат трагите од криминалите направени со неработењето и неисполнувањето на обврските кон РЕК Битола? Подготвува ли власта предводена од неспособниот криминален двоец Заев- Ковачевски пропаѓање на ЕСМ со фиктивно испумпување на пари преку таканаречени “интервентни” неопходни тендери кои се договаараат по битолските ресторани во подножјето на Пелистер во „четири очи“, прашуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако на ова се додаде поплавата предизвикана од неспособност, како и милионскиот интервентен тендер за багерот КУ 300 кој се хавариса по смислено сценарио, ккао и неразјаснетата хаварија на Блок 2 во Термоелктрани, после милионскиот тендер, исто така во четири очи за санација, а за кој мора да се спомене дека до денешен ден е надвор од прозводство. Ова се прашања на кои македонската јавност очекува одговори веднаш, се додава во објавата.

Локални избори 2021