сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 14
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО- ДПМНЕ: Дали раководството на ЕЛЕМ во време на пандемија презема се што треба за заштита на своите вработени?!

Комисија за енергетика на ВМРО- ДПМНЕ: Дали раководството на ЕЛЕМ во време на пандемија презема се што треба за заштита на своите вработени?!

Дали раководството на ЕЛЕМ во време на пандемија презема се што треба за заштита на своите вработени?!, прашуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Појавата на пандемијата на Корона вирусот го стави цел свет на тест. Ги тестира луѓето, нивните квалитети, подготвеност и дисциплина, но тестот е поголем за самиот државен систем, вклучително и способноста на раководствата на големите компании. Од посебна важност е способноста за справување со вакви пандемии на раководните лица на енергетските компании. Вака е секаде во светот, бидејќи за непрекинато функционирање на целиот систем во една држава многу е важно производството и снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите. Поради тоа се воведуваат посебни протоколи на работа и комуникација, како и заштита на вработените во енергетските компании.
Во овие тешки околности енергетските компании во регионот применуваат драстични мерки со цел заштита на својот персонал директно поврзан со производствениот процес и обезбедување на стабилност и непрекинатост во производството на електрична енергија. Меѓу најчестите мерки се воведување на смени од по 14 дена за клучниот персонал (работниците во смени), додека сите останати работат од дома. На овој начин, се настојува максимално да се редуцира појавата на заболени меѓу вработените во енергетските капцитети. Но, се чини дека нашата најголема енергетска компанија има поинакви грижи. Со оглед на важноста од непречено функционирање на процесот на производство, најголемиот производител на електрична енергија во земјава, ЕЛЕМ е должен да ја извести јавноста за чекорите кои ги има преземено, но и да одговори на следните прашања:
На кој начин е организиран производниот процес во компанијата (сменското работење, а не администрацијата), со цел намалување на ризикот за појава на епидемијата меѓу вработените, првенствено во најголемиот производствен капацитет РЕК Битола?

Дали е точно дека од 9ти март 2020 година блок 1 во РЕК Битола е во ремонт?

Ако е точно, тогаш која ја направил проценката за извршување на овие активности со присуство на надворешни компании и бројни надворешни извршители, со што дополнително се зголемува ризикот, во услови кога речиси целокупните економски активности во земјава се во мирување?

Доколку е точно дека ремонтот непречено се извршува, со секојдневно доаѓање и заминување од работните места, тогаш како е можно циркулацијата на сите тие извршители во комбинатот да не го компромитира, односно загрозува и работењето на другите два блока, повторно поради ризикот од пренесување нa вирусот?
Дали целокупната состојба со пандемијата од страна на актуелното раководство е правилно согледана, со што е дозволено да се одвива ремонт на Блок 1? Ова прашање се наметнува после информацијата дадена од страна на Секторот за односи со јавност во ТЕ Битола:
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, имаше краток спој во едно од електричните кола на електростатскиот филтер на Блок 2 на РЕК Битола, информира Секторот за односи со јавност на термоелектраната.
Стручни лица од комбинатот работеа непрекинато изминатата ноќ на отстранување на дефектот и состојбата утрово е нормализирана, посочуваат од РЕК Битола и потсетуваат дека продолжуваат со континуирано производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, додека Блок 1 се наоѓа во редовен годишен ремонт, стои во нивната објава на Фејсбук.

Коронавирус