понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 114
home Вести

Комисија за енергетика: Дали раководството на ЕЛЕМ на 30 декември се разбуди од зимски сон- за два дена 63 огласи за јавни набавки?

Комисија за енергетика: Дали раководството на ЕЛЕМ на 30 декември се разбуди од зимски сон- за два дена 63 огласи за јавни набавки?

Во текот на 30 и 31 декември 2019 се објавија вкупно 63 Јавни набавки на веб-страната на Бирото за јавни набавки од страна на Електрани на Македонија.Само краток преглед на објавените јавни набавки укажува дека во периодот од 2 јануари до 12 февруари 2020 година, Електрани на Македонија имаат 173 јавни отварања на свои набавки.
Ваква навалица за само два дена пред крајот на 2019 година, кај секого предизвикува низа прашања:

-Зарем се чекаше крајот на годината за да се објависето ова? Ако беа спремни сите овие документации за набавка зошто не се објавуваа во претходниот период? Рокот на подготовка е премногу краток, а згора на се сега е период на празници и неработни денови или годишни одмори на речиси сите сериозни компании. Поради тоа се отвара прашањетодали ова е претходно договорено со конкретни компании?
Интересно е што најголемите набавки по број се за РЕК Битола, а потоа за РЕК Осломеј. Тоа може да е за пофалба, но се коси со веќе усвоената стратегија за енергетиката на Македонија до 2040 година. Според таа стратегија, која беше многу фалена од Енергетската заедница, Македонската влада го усвојува таканареченото зелено сценарио, според кое РЕК Битола треба да престане со работа во 2025 година, а за РЕК Осломеј нема дилема дека веднаш треба да престане со работа.
Како да се објасни се ова што се случува со набавките и зошто трошење на вакви средства кога владата на СДСМ планира затварање на Термоелектраните до 2025 година?
Дилемите сеследни:
-Кого лаже Владата и Електрани на Македонија: Европа и Енергетската заедница или Македонскиот народ?
-Дали Владата и Електрани на Македонија ја лажат Европа и Енергетската заедница дека ќе ги затворат Термоелектричните централи до 2025 година?.
-Ако не ја лажат Европа и Енергетската заедница тогаш дали го лажат македонскиот народ?Овие прашања се поставуваат затоа што вакви крупни набавки, за кои нема техно-економска анализа, прашање е колку се исплатливи и функционални? Дали одговорот е планирано трошење на големи финансии за набавки на услуги и опрема кои нема да се реализираат бидејќи во меѓувреме термоелектраните ќе се затворат, а финансиите да се поделат во приватни џебови?
Во дел од јавните набавкикако на пример во:
ЈН 15602-2019 -Погонски станици за ПК Брод-Гнеотино (РЕК Битола)и
ЈН15503/2019 – “Ревитализација и модернизација на погонските станици од чешко производство (РЕК Битола)“,се бараат стари користени делови и опрема ?
Дали на овој начин се собираат отпадните материјали и старатаопрема од светот?

Ако се анализираат овие две набавки кои се во тек, според достапните податоци објавени на Бирото за Јавни набавки, може да се заклучи следното:
1.Набавката со број 15602/2019 – “Погонски станици за ПК Брод-Гнеотино (РЕК Битола)“објавена на сајтот на Бирото за Јавни Набавки на 30 Декември 2019 година и краен рок за поднесување на понуди е 30 Јануари 2020 година. Предмет на набавката е купување на две стари погонски станици!
Рудникот Брод-Гнеотино е во функција од 2006 година, повеќе од 12 години. СДСМ е три години на власт и баш сега им истекна да најдат дека две погонски станици мора да се купуваат и тоа на старо, без никаква техно-економска анализа и без спроведен технички дијалог?
Краток преглед на условите за набавка како и техничката спецификација упатува назаклучок дека набавувачот е веќе договорен, а сега само се задоволува правната форма преку јавна набавка. Ова се заклучува од причина што нема ниеден друг кој може да понуди застарена опрема,која е со технички карактеристики како што се бара во техничката спецификација. Според тоа што е специфицирано како редуктори, барабани и електромотори се работи за некои конкретни погонски станици производство од Чешка или Словачка.Со оваа набавка која е со вредност од минимум 1.000.000 ЕВРА се собира стара опрема-отпад од некој затворен рудник во Европа.Би било добро да се охрабратЕлектрани на Македонија да ја објават предвидената сума за оваа набавка.Се бара опрема за која не е дефинирана гаранција со сертификати од независна институција за проценка на состојба на опремата и преостанат век на употреба,трошоци за нејзино одржување и максимален број на години на старост на опремата.Опрема која е застарена и веќе не се произведува има само една докажанакарактеристика,а тоа е дека нејзиното одржување ќе биде прескапо, а ќе се јавуваати чести дефекти со долготраен застој. Цената на ваква стара опрема се движи од 85% до90% од цената кога се купува најнова модерна опрема со сите можности на конкурентност од светски познати компании.
“Шампионите” во Енергетиката за набавка вредна неколку милиони ЕВРА во тендерската постапка не бараат од Економскиот оператор Стандардии системинаквалитет, со коисепотврдувапридржувањедогаранцијатанаквалитетзасновановрзрелевантнитеевропскиилимеѓународнистандарди. Ниту, стандардизауправувањесоживотнатасредина. Клучен параметар во оваа набавка е тежината на опремата што е карактеристично кога се тргува со отпад.

2.Јавна Набавка број 15503/2019 –Ревитализација и модернизација на погонските станици од чешко производство (РЕК Битола)

Јавната набавка број 15503/2019 – “Ревитализација и модернизација на погонските станици од чешко производство (РЕК Битола)“ е објавена на 27 Декември 2019 година и краен рок за поднесување на понуди е 30 Јануари 2020 година.
Оваа јавна набавка е многу слична со претходно објаснетата и тоа за “ДЕЛ 1 – Електро-Машински: делови-склопови од Погонска станица 4х500kW функционални технички исправни или еквивалентни“.
И тука се бараат стари делови. Тоа е сосема јасно според бараното време на испорака од 90 дена, количина на редуктори,барабани и мотори и самиот текст на набавката каде себараат “функционални технички исправни делови“. Нови делови за овој дел се изработуваат за време од минимум 6-8 месеци и не мора да се напоменува да бидат функционални и технички исправни. Се разбира некој може и да понуди нови делови, но со малку повисока цена од стари делови и рокот на испорака многу подолг од 90 дена. Со тоа автоматски ќе биде елиминиран при евалуацијата на понудите поради подолг рок на испорака.
Ваков начин на објава е само за стари делови кои се некаде во некој затворен рудник и сега треба таа стара опрема ( читај отпад) по многу висока ценада се донесе и користи во РЕК Битола. Претпоставката е дека ваква набавка е проценета на повеќе стотици илјади евра, но повторно добро би било да се охрабри Електрани на Македонија да го објави предвидениот буџет за ДЕЛ 1 од набавката. Со споредба на техничките спецификации на двете јавни набавки, се гледа дека тие се идентични во техничките делови. Се бараат редуктори, барабани, електромотори, со исти карактеристики во двете јавни објави и исто така стари, користени и само да бидат во функција. Значи, повторно набавка на отпад од истиот затворен рудник најверојатно во Чешка. Во делот на технички способности се бара економскиот оператор да има испорачано барем една ваква иста опрема во последните три години. Ова е големо ограничување, бидејќи се подразбира дека за вакви делови кои се стари и не се во употреба во нови постројки нема да има многу понудувачи, освен најверојатно само еден. Испорака на овие идентични делови од опрема не значи дека е некаков посебен квалитет или способност на економскиот оператор во споредба со други конкуренти.

Кој би бил заклучокот од сето ова:

Најпрво, јасно е дека се работи за краток рок од 30 дена за поднесување понуди и тоа во период кога се празници и неработни денови!Овие набавки согласно Годишниот План за Јавни набавки на Електрани на Македонија доцнат 11 месеци, дали ова време на раководството им беше потребно за “пронаоѓање на најповолен понудувач”?
Која сериозна компанија ќе поднесе понуда со сите елементи за понуда? Можен и најверојатен реален одговор е: само онаа со која некој претходно направил„договор“ за доделување на договор.
Сето ова личи на комбинација на некакви светски мешетари кои одат по светот и пронаоѓаат вакви интересни раководни кадри и им нудат бизнис зделки со продавање на стара отпадна опрема за соодветна меѓусебна лична компензација.Дали е ова слично на познатата изрека „ бонбона бизнис“?
Има народни мудрости кои одговараат на оваа состојба:
“Не сум толку богат да купувам старо“ и “Сиромавиот двапати плаќа“ !
Сакамe да верувамe дека Македонија е пребогата држава, па може да си го дозволи овој луксуз да купува стара опрема(читај отпад), но погореспоменатите мудрости кажуваат нешто друго, декасе расфрлаат државни средства, а сето тоа се прави најверојатно за задоволување на нечии бизнис интереси.

После 12 април сето ова нема да помине неказнето. Обновата на Македонија доаѓа!

Коронавирус