недела, 27. септември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Комисија за економија: Во услови кога Владата не превзема мерки за спас на илјадници работни места, АВРМ отвора повик за нови

Комисија за економија: Во услови кога Владата не превзема мерки за спас на илјадници работни места, АВРМ отвора повик за нови

КАКОВ АПСУРД! ВО УСЛОВИ КОГА ВЛАДАТА НЕ ПРЕЗЕМА НИКАКВИ МЕРКИ ЗА СПАС НА ИЛИЈАДНИЦИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ПОГОДЕНИТЕ СЕКТОРИ, АВРМ ОТВОРА ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА.

Ова го коментираат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во услови на криза кога повеќе сектори не работат, кога се намалува економската активност, кога драстично опаѓа извозот, кога буџетот е неликвиден, кога се затвораат илијадници работни места, кога фирмите се пред колапс, кога занаетчиите ставаат клуч на врата, кога самовработените лица во услужниот сектор се оставени на милост и немилост, оваа неодговорна и неспособна Влада распишува јавен повик за отворање на нови работни места.
Прашуваме дали овој повик е наменет за дополнително вдомување на партиски војници на СДСМ во приватни фирми кои ќе бидат платени од буџетот на државата?-се наведува во нивното соопштение.

Коронавирус