недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 91
home Вести

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Власта се обидува да манипулира преку поставување на нереални очекувања

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Власта се обидува да манипулира преку поставување на нереални очекувања

Празни флоскули и гола реторика во која ниту тие самите не веруваат!
Владата предводена од СДСМ и ДУИ продолжува со поставување на нереални очекувања во кои ниту тие самите не веруваат.
Имено, во услови кога Македонија забележа еден од најлошите економски резултати во 2020 година споредено со земјите од регионот и во услови кога се очекува една од најниските стапки на раст во 2021 година (Светска Банка проекти стапка на раст од 3.6% во Македонија, 4.4% во Албанија, 5% во Србија, 3.9% во земјите членки на ЕУ), владините претставници се обидуваат да манипулираат преку поставување на нереални очекувања кои се обични флоскули во кои ниту тие самите не неруваат.
Нема вистинска развојна стратегија и јасна методологија со конкретни политики, но има расфрлање со лажни ветувања кои имаа единствена цел нереално да ги подигнат очекувањата во услови кога на сите им е јасно дека немаат капацитет успешно да ја водат економија.

Фејсбук статус на Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

ЕУРО 2020

Македонија