вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Спрегата помеѓу политиката и бизнисот

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Спрегата помеѓу политиката и бизнисот

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ објави статус во кои пишува дека постои спрега помеѓу политиката и бизнисот.

-СПРЕГА ПОМЕЃУ ПОЛИТИКАТА И БИЗНИСОТ!

Уште од првиот ден беше повеќе од јасно дека постои конфликт на интереси помеѓу Премиерот Заев и Бизнисменот Заев. Сите граѓани се сведоци како Фамилијата Заеви во изминатиот период ја користат и злоупотребуваат политичката моќ за нивно лично богатење на штета на македонските граѓани.
Дополнително, назначувањето на бизнисменот Кочо Анѓушев за вицепремиер беше само потврда дека намерата на Заев и луѓето околу него е да ја искористат политичката позиција за остварување на лични бизнис интереси.
Деновиве со одлуката на Државата Комисија за спречување на корупција (ДКСК) која утврди судир на интереси кај вицепремиерот Анѓушев за укинување на увозната царина за литиумски батерии за акумулатори што ги користи единствено неговата компанија Брако, само се потврди спрега на интереси помеѓу политиката и бизнисот на штета на граѓаните, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус