понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Оваа неспособна Влада скрати 53 милиони евра за образование и наука, па сега најавува затворање на факултетите

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Оваа неспособна Влада скрати 53 милиони евра за образование и наука, па сега најавува затворање на факултетите

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил споделија статус во кои велат дека оваа Влада ќе инвестира во човечки капитал со затворање на факултети.

-Оваа Влада ќе инвестира во човечки капитал со затворање на факултети, без никакви реформи за подобрување на квалитетот на образовниот систем и со намалување на Буџетот за образование и наука!

Наместо во изминатиот период да се зафати со суштински реформи во подобрување на квалитетот на образовниот систем и негово прилагодување согласно потребите на пазарот на труд, оваа неспособна Влада со ребалансот на Буџетот скрати цели 53 милиони евра за образование и наука, па сега најавува ѝ затворање на факултети.

Дополнително, понпазно најавуваното воведување на дуално образование е институционално заглавено поради неспособноста на Владата на СДСМ предводена од двоецот Заев-Анѓнушев и претставува уште едно нереализирано ветување, стои во нивниот пост на Фејсбук.