среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 106
home Вести

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Историски најниско ниво на инвестиции

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Историски најниско ниво на инвестиции

ВО ГОДИНАТА КОГА Е ИЗВЕСНО ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ИСТОРИСКИ НАЈНИСКО НИВО НА ИНВЕСТИЦИИ!

Се шетаа по трибини убедувајќи го народот дека членството во НАТО ќе ни донесе повеќе странски инвестиции и дека датумот во ЕУ ќе значи по автоматизам подобар животен стандард за граѓаните. Наспроти, денес сме сведоци дека во годината кога се ратификува нашето членство во НАТО алијансата имаме историски најниско ниво на странски инвестиции. Имено, во вториот квартал од 2019 година приливот на СДИ изнесува незначителни 6 милиони евра, додека во првото полугодие минимални 55 милиони евра. Ова е најдобра потврда за манипулациите на оваа неспособна Влада на СДСМ за кои манипулации предупредувавме многу одамна. Укажувавме дека инвестициите се детерминирани во најголема мера од квалитетот на економските политики и капацитетот на Владата да ги имплементира тие политики, а не од формалното пристапување во НАТО.
За жал, оваа Влада предводена од Заев со своите катастрофалните економски политики, неспособноста за спроведување на вистински економски реформи, и немањето капацитет за реализирање на капитални проекти ја туркаше македонската економија во провалија.
Заради ова ќе мораат наскоро да понесат одговорност. Напишаа на фејсбук од комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус