петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 206
home Вести

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Дали Владата со оваа проекција признава дека предизборните ветувања биле лажни?

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Дали Владата со оваа проекција признава дека предизборните ветувања биле лажни?

Дали владата со дел од проекциите до 2025 уште од сега признава дека предизборните ветувања за просечна плата од 34.000 денари, минимална плата од 20.000 денари, креирање на нови 100.000 работни места, едноцифрена невработеност, биле лажни, прашуваат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нивниот Фејсбук статус:

Само за илустрација, со овие проекции за растот на платите, дискутабилно е дали просечна плата од 30.000 денари ветена во 2016 година, воопшто ќе биде достигната во 2024 година. Да не зборуваме за предизборните ветувања од 2020 година.

Пресметка: просечната нето-плата за 2020 година врз база на тенденциите во првите 10 месеци за кои има официјални податоци од ДЗС ќе биде околу 27.000 денари.

Ако просечната нето-плата растат согласно проектираната динамика од страна на Министерството за финансии (3% во 2021, 3.5% во 2022, 3.9% во 2023 и 4.1% во 2024), тогаш би била:

2021 година – 27.810 денари

2022 година – 28.780 денари

2023 година – 29.900 денари

Јули 2024 година – 30.500 денри

П.С Ни со железни опинци нема да стигнеме 4 години подоцна!

Коронавирус