понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 139
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Комисија на ВМРО-ДПМНЕ: “ОСИРОМАШИ ПА ВЛАДЕЈ“ СТРАТЕШКА ЦЕЛ НА СДСМ?

Комисија на ВМРО-ДПМНЕ: “ОСИРОМАШИ ПА ВЛАДЕЈ“ СТРАТЕШКА ЦЕЛ НА СДСМ?

Здравствено – економската криза сериозно навлезе во сите пори на општественото живеење во државата земајќи во предвид дека се наталожи на веќе воспоставените лоши економско социјални политики на Владата предводена од СДСМ. Во изминатите месеци од појавувањето на вирусот Ковид19 во Македонија, а и понатаму во периодот што следува, кризата ќе се манифестира преку поместување на кривата на понуда и побарувачка, стечај и ликвидација на голем број стопански субјекти, зголемена стапка на невработеност, поскапување на цените на основните животни продукти, нафтените деривати, комуналните услуги, слаб интерес на странски инвеститори и слаб обем на домашни капитални инвестиции, притоа не занемарувајќи го и досегашното високо ниво на краткорочно и долгорочно задолжување на физичките и правните субјекти преку кредити.

Ова е анализата на Комисија за труд и социјална политика, родова еднаквост и демографија на ВМРО-ДПМНЕ:

Да не ја заборавиме и смешната ситуација на зголемување на платите во одредени ресори од јавната администрација пред соочување со кризата, за неколку недели потоа првиот финансиер во државата да излезе со изјава за енормно намалување на платите на јавната администрација затоа што “помалку работат – работат од дома, не одат физички на работа, ротираат со дежурства-не трошат средства за превоз, бензин, ЈСП билети… Најверојатно понатаму мислат повторно “да ветат, а нормално да не спроведат” кога ќе започне со работа јавната администрација дека ќе ги зголемат платите можеби и повеќе од последното зголемување, за работа од канцеларија, за превоз, за одложените кредите со повисоки каматни стапки, за храна, за претрпен претходен стрес… ама после изборите ако останат на власт повторно да ја вратат јавната администрација на „минималец“.

Крајниот ефект на сите овие нуспојави од здравствено – економската криза поткрепена со горенаведените политики во сила предводена од постојната Влада е зголемување на сиромаштијата на поголемиот дел од нашето население.
Тргнувајќи од актуелната економска состојба во која се наоѓа државата логично би било Владата да превземе сериозни економски мерки преку кои ќе се спротивстави на лошите економски трендови. Но, спротивно на логиката и очекувањата на граѓаните пред нас е една летаргична и тромава Влада кој не покажува сериозен пристап да се бори и справи со актуелната криза. Владините функционери единствено место каде што може да ги видиме е Владиниот прес центар каде буквално има турканица помеѓу нив кој прв да излезе со лоши вести од секторот со кој управуваат обвинувајќи ја за “се” актуелната криза со вирусот Ковид 19. Нивната неспособност и лошото управување со ресорниот сектор со кој се задолжени да управуваат ефектуира со криза во секој сегмент од нивното “управување” кое за жал го покажуваше својот отсјај и пред официјаниот “старт” на здравствена криза со Ковид 19.

Со други зборови настанатата светска здравствено – економска криза стана верен сојузник и одлично “алиби” да одговори на политичките маневри на актулната Влада непосредно пред престојните парламентарни избори!

Во периодот откако е актуелна здравствено – економска криза сведоци сме на низа нарушување на мерките за ограничено движење и групирање токму од страна на актуелните Владини и партиски функционери на СДСМ кои ја издадоа одредбата за ограничено движење и групирање со образложение за делење на “хуманитарна помош” на однапред подготвени списоци на одредена група на граѓани на целата територија во државата. Земајќи ги во предвид бројните фото и видеоматеријали кои се појавија на социјалните мрежи и на медиумите каде што се гледа крајно нехуманиот начин на делењето на „хуманитарната помош“, каде луѓето се ставени во ситуација буквално да не држат никаква физичка дистанца, без заштитни маски и ракавици ги земаат „хуманитарните пакети“ од рацете на Владините и партиски функционери на СДСМ, ни се отвара прашањето за вистинитоста и крајната цел на оваа “хуманост” !?

Дали вреќата компир, зејтин, пакетот макарони и конзервираната храна навистина ќе ја спречат сиромаштијата на населението и ќе обезбедат подобар живот за граѓаните !?

Па оттука се отвара дилемата дали СДСМ водени од максимата “осиромаши па владеј” знаејќи дека со нивното владеење голем дел од населението живее во сиромаштија, цени дека полесен начин да дојде до поволен изборен резултат е делењето на „хуманитарна помош“ и „солидарност“ со жртвите од нивното владеење, отколку да преземаат сериозни економски мерки и активности преку кои ќе им помогнат на граѓаните да ја намалат сиромаштијата и согласно направеното ќе се борат за нивниот глас?? Дали СДСМ наместо да спрема изборна програма за престојните парламентарни избори, спрема изборни манипулации?? Дали безидејноста на СДСМ ги натера да размислуваат на евтини предизборни трикови, наместо на сериозни проекти и политичка програма со кои би се бореле за гласот на граѓанинот и подобрување на општественото живеење??

Земајќи ги во предвид сите досегашни лажни, нелогични и неостварени ветувања кои ги изнесе СДСМ пред граѓаните, може да кажеме дека партиските функционери на СДСМ немаат капацитет да направат сериозна и одржлива политичка програма и план за социоекономска стабилност и просперитет на државата со која ќе се престават пред граѓаните и ќе ја побараат нивната поддршка на престојните парламентарни избори и дека во СДСМ поедноставно им е да искреираат предизборни манипулативни мерки и активности преку кои ќе се надеваат на гласот од граѓаните на парламентарните избори.
Како и да е, ова веќе не проаѓа кај граѓаните, СДСМ е прочитана книга, лошо искуство и доживување на граѓаните, лажен живот кои никогаш не би сакале да им се повтори. Граѓаните веќе се определени, тие ја сакаат Македонија и цврсто се убедени во Обновата на државата.

Победуваме, ВМРО ДПМНЕ и народот ќе победат, а Македонија ќе биде успешна приказна пишувана од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ во која во центарот на случувањата ќе биде населението економски, здравствено и социјално обезбедено и финансиски стабилно!

Коронавирус