сабота, 28. март 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Комисиј а за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Во кое својство Заев најавува мерки, кога не извршува никаква државна функција?

Комисиј а за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Во кое својство Заев најавува мерки, кога не извршува никаква државна функција?

Класичен пример за мешање на партијата и државата од човекот кој постојано лажно декларира некакви вредности за одвојување на партијата од државата.

Заев во еден свој јавен настап вчера најави мерки кои тој со неговиот експертски тим ги креирале како одговор на економската криза во земјата.

Јавно го прашуваме во кое својство го зборува ова? Какви се неговите надлежности да креира и спроведува било какви политики кога тој не извршува никаква државна фунцкија?

Ова е уште еден обид на Заев да добие некој политички поен во услови кога неговата партија која ја предводи актуелната влада нема никаков капацитет да се справи со економските предизвици на кризата предизвикаа од корона вирусот.

Додека во земјата почна масовно отпуштање на работници, а голем број на фирми најавија затворање на своите бизниси, Заев и Владата на СДСМ сеуште зборува за некое идно неопределено време “ЌЕ”.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно излегува со јасно дефинирани и конкретни антикризни економски мерки кои мора веднаш да бидат преземени од државата доколу не сакаме да ни се случи голема економска катастрофа.