недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 64
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата за енергетика и зеленото сценарио – неостварлива авантура дури и со розевите очила на Заев и Ковачевски

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата за енергетика и зеленото сценарио – неостварлива авантура дури и со розевите очила на Заев и Ковачевски

Стратегијата за енергетика и зеленото сценарио – неостварлива авантура дури и со розевите очила на Заев и Ковачевски. Стратегијата за развој на енергетиката е значаен документ со кој треба да се утврди енергетската политика на Република Македонија. Со Стратегијата, како поважни сегменти, се определуваат долгорочните цели за развој на одделните енергетски дејности, за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со различни видови на енергија, долгорочното прогнозирање на потребите од инвестирање, поттикнувањето на конкурентноста на пазарите на енергија, заштитата на потрошувачите, условите и начините за обезбедување на заштита на животната средина итн, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакнуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Иако измина една година откако оваа Влада ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката без да ги земе во предвид сериозните забелешки, како што и се очекуваше, истата сеуште не е започната да се реализира и на повидок нема никакви резултати. Времето покажува дека оваа Стратегија се користи единствено за политички маркетинг и замајување на јавноста за некакви имагинарни активности во енергетиката. Наместо да се обезбеди развој, денес се соочуваме со непланско испразнети акумулации, неможност РЕК Битола да работи со полн капацитет, како и со закочен процес на гасификација. За гасификацијата изминатиов период не се направи ништо значајно. Согледувајќи ги искуствата од европските држави, природниот гас е еден од поважните сегменти во енергетската транзиција. Тоа во реалноста кај нас не е така, дури и избраното т.н. „зелено сценарио“ го занемарува користењето на природниот гас. Можеби ова дава одговор зошто оваа Влада не започна да гради ниту еден нов гасовод и зошто го закочи процесот за развој на мрежите за дистрибуција преку кои природниот гас требаше да биде достапен до крајните потрошувачи. Да не зборуваме за било каков напредок во заштитата на животната средина кој требаше да се постигне со помош на гасификацијата. За да може да се реализира избраното „зелено сценарио“ од Стратегијата за развој на енергетиката, вреди да се потенцира ностварливата финансиска рамка од околу 900 милиони евра за секоја година кои се потребни. Колку за илустрација, овие средства претставуваат 25% од годишниот буџет на Република Македонија и со оглед на економската состојба на државата, нивното обезбедување е крајно неизводливо. Сведоци сме дека изминатата година воопшто не се обезбедија и не се инвестираа 900 милиони евра во развојот на енергетиката, а не се обезбедени ниту за оваа година. Доволен показател за несериозниот пристап во енергетиката е и недонесувањето на Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката, бидејќи законскиот рок е надминат уште пред половина година. Ова е важно бидејќи со Програмата подетално треба да се утврди релизација на Стратегијата, велат од комисијата.

Од таму додаваат дека очигледно е дека воопшто не ǔ се брза на оваа Влада за да постигне некаков развој на енергетиката со Стратегијата која е финансиски неостварлива. Доказ дека сẻ е само пусти фалби и ништо не е остварено од дадените ветувања е фактот дека ниту еден објект не стана енергетски ефикасен, ниту пак се изгради некоја нова постројка за добивање на електрична енергија од обновливи извори. Еден нов kWh електрична енергија не е добиен во овие четири години од владеењето на СДСМ, познато како „сон со розеви очила“. Розевите очила на Заев и СДСМ им помагаат само ним. Заев се расфрла со „изградени“ километри гасоводни мрежи, како што се расфрлаше со изградени километри патишта. Ќе се паметат сите недозволени тендери во РЕК Битола, договори во четири очи, заглавени багери во калта при најмал дожд, нереализирани ветувања за набавка на механизација и несменети електростатски филтри. Затоа пак, Ковачевски без срам раскажува за зелена енергија кога едвај еден блок му работи во РЕК Битола. Човек да се исплаши како некој кој го доведе енергетскиот систем пред распад и ја уништи РЕК Битола може да раскажува приказни за нови фотонапонски централи во Осломеј и Битола. Како сẻ што уништија во Македонија, не ја изоставија ни енергетиката. Но, за жал за народот донесоа сиромаштија, беда и покачена цена на електричната енергија.

Стратегијата за енергетика и зеленото сценарио – неостварлива авантура дури и со розевите очила на Заев и…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Среда, 10 февруари 2021

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија